fbpx

Вулкан на Филипините исфрла пепел

-

Вулканот Булусан на Филипините денеска почна да исфрла пепел по вторпат во последната недела. Нема индиции дека наскоро би можела да настапи ерупција од поголеми размери, соопштија филипинските власти.

Вулканот кој се наоѓа во провинцијата Сорсогон, југоисточно од претстолнината Манила, исфрла пепел 250 метри во воздух.

Институтот за вулканологија и сеизмологија побара од локалните власти да го блокираат пристапот во зона од четири километри околу кратерот и апелираше авионите да не летаат над вулканот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.