fbpx
Свет Страница 683

Свет

Ципрас оптимист за решение за Грција на понеделничкиот Самит на ЕУ

Секојдневните сценарија, закани и предупредувања за грчко напуштање на еврозоната не ги уриваат оптимизмот и надежта на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека повеќемесечните преговори ќе завршат успешно. Ципрас е оптимист дека следната недела Грција ќе успее да постигне решение, кое ќе ги загарантира нејзината европска иднина,...

Виетнам ги укинува визите за некои европски земји

Виетнам ги укинува туристичките визи за пет европски земји за да придонесе за туризмот во земјата, која минатата година ја посетиле речиси осум милиони странци. Како што се наведува на веб-страницата на владата, посетителите од Велика Британија, Германија, Франција, Италија и од Шпанија од јули нема да имаат...

Атина не постигна договор со кредиторите

Состанокот на министрите за финансии од еврозоната во Луксембург е завршен вечерва без да се постигне спогодба за грчката должничка криза, јавува британскиот весник „Гардијан“. „На состанокот на еврогрупата не е постигнат договор. На Грција ѝ е испратен силен сигнал сериозно да се вклучи во...

Тбилиси: Можно е уште некое животно да е надвор од зоолошката

Портпаролката на зоолошката градина во Тбилиси изјави дека е можно уште некое животно да е на слобода. - Мораме да го утврдиме точниот број на настраданите животни во поплавите, како и на преживеаните - рече Мзиа Шарашиѕе. Деветнаесет лица загинаа во поплавите што викендот го зафатија Тбилиси, меѓу кои и...

Нуланд: Русија го намалува значењето на зајакнувањето на нуклеарниот арсенал

Викторија Нуланд, помошничка на државниот секретар на САД за европски работи, денеска во Прага изјави дека Русија ги минимизира тврдењата дека ќе додаде 40 нови интерконтинентални балистички ракети во својот нуклеарен арсенал. Рускиот претседател Владимир Путин завчера изјави дека ќе го зајакне својот нуклеарен арсенал,...

Уапсен напаѓачот од Јужна Каролина

Полицијата во Јужна Каролина уапси момче за кое постои сомневање дека убило девет лица во црква на афроамериканската заедница, во напад кој американското министерство за правосудство го окарактеризира како злосторство од омраза. ФБИ го идентификувало напаѓачот како Дилан Роф (21) од Колумбија, во Јужна Каролина. Напаѓачот...

Женски лик за првпат на доларска банкнота

Женски лик ќе ја краси новата верзија на банкнотата од 10 американски долари. - Преку американската валута нашата нација покажува кои сме и за што се залагаме. Нашите банкноти со слики на големите американски лидери и со симболи веќе долго време се начин на кој...

Тројца убиени и 14 ранети војници во Украина

Украинската војска соопшти дека тројца војници се убиени, а 14 се ранети во борбите на истокот на земјата во последните 24 часа. Портпаролот на војската, Андриј Лисенко, изјави дека „не опаѓа интензитетот на судирите, туку оти престануваат опсежните воени операции“. Од почетокот на судирите во Украина,...

Европската комисија е против кревање ѕид во Европа

Европската комисија не го поддржува градењето ограда и ѕидови во Европа, изјави Наташа Бертауд, портпаролката за правосудство и за внатрешни работи по одлуката Унгарија да подигне четириметарска ограда на границата со Србија поради бранот илегални мигранти. - Неодамна се ослободивме од ѕидовите во Европа и...

Сменет шефот на тајната служба во Украина

Украинскиот парламент денеска го смени шефот на тајната служба, Валентин Наливаинчеко, кој е во отворен судир со украинските власти, особено со обвинителството. Наливаинчеко е именуван за шеф на тајната служба во февруари 2014 година, откако беше симнат од власт поранешниот претседател Виктор Јануковиќ. Тој дал значаен придонес...

Муизниекс: Одлуката на Унгарија за оградата е погрешна

Европскиот претставник за човекови права, Нилс Муизниекс, на својот твитер-профил напиша дека одлуката на Унгарија да изгради ограда за да спречи доаѓање на илегални мигранти е „погрешна“. Муизнеикс истакна дека фокусот треба да биде на оние кои бараат азил, а не тоа да им...

ОН: Рекордни 60 милиони луѓе ги напуштиле домовите поради конфликт

Рекордни 60 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови поради конфликтите и насилството што беснеат во целиот свет, покажуваат податоците на ОН за минатата година. Тоа се 8,3 милиони повеќе бегалци и внатрешно раселени лица во светот отколку во 2013 година – најголем пораст...

Британски научници тврдат: Се зголемува продажбата на мајчино млеко преку интернет

Истражување, спроведено од британски научници, покажало дека се зголемува продажбата на мајчино млеко од доилки, кое преку интернет го купуваат фетишисти, бодибилдери и болни од рак, јавува „Би-Би-Си“. Тим научници од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон тврдат дека млекото што се продава е непастеризирано и...

Харадинај пуштен од притвор, но останува во Словенија

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој вчера беше уапсен на љубљанскиот аеродром, е пуштен од притвор по сослушвањето пред истражен судија во Крањ, пренесуваат медиумите. Сепак, Харадинај, мора да остане во Словенија додека не се разјасни дали меѓународната потерница по него...

Деветмина убиени во напад на црква во Јужна Каролина

Девет луѓе се убиени при вооружен напад во афрoамериканска црква во Чарлстон, во сојузната американска држава Јужна Каролина, пренесуваат светските медиуми. Шефот на локалната полиција, Грегори Мулен, изјавил дека осум од жртвите биле убиени во црквата, додека едно лице починало кратко по нападот. Осомничен за пукањето...

Унгарија ќе подигне четириметарска ограда на границата со Србија

Унгарија ќе изгради четири метри висока ограда на својата граница со Србија за да го спречи бранот илегални имигранти што од Србија се обидуваат да влезат во Унгарија, изјави шефот на дипломатијата, Петер Сијарто. - Имиграцијата е еден од најсериозните проблеми со кои денеска се соочува ЕУ....

Рамуш Харадинај e уапсен во Љубљана

Алијансата за иднината на Косово соопшти дека нивниот лидер, Рамуш Харадинај, е уапсен на љубљанскиот аеродром, врз основа на налогот за апсење што во 2006 година го издадоа властите на Србија. Алијансата бара итно дејство на словенските власти, да дозволат Харадинај да се врати во Приштина,...

Тигар уби човек во Тбилиси

Албино-тигар кој побегнал од поплавената зоолошка градина во Тбилиси денеска убил маж, јавуваат локалните медиуми. Портпаролката на министерството за внатрешни работи изјави дека нападот се случил кога мажот влегол во складиштето на градскиот базен. Специјалните полициски сили го убиле животното. Во поплавите во Тбилиси, кои се...

Коѕиас оди во посета на Софија

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска заминува за Софија. Коѕиас утре ќе има средби со неговиот бугарски колега Даниел Митов и со претседателот Росен Плевнелиев. Шефот на дипломатијата ќе го посети и бугарскиот парламент, каде ќе има средба со претседателката на собранието, Цецка Цачева,...

Судирите во светот чинат 14.300 милијарди долари

Трошоците за судирите во светот во 2014 година достигнале цифра од рекордни 14.300 милијарди долари, што е 13,4 отсто од глобалниот домашен бруто-производ. „Индексот на светскиот мир“ го направи австрискиот Институт за економија и мир, кој соопшти дека се работи за сума која одговара на...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...