fbpx

Виетнам ги укинува визите за некои европски земји

-

Виетнам ги укинува туристичките визи за пет европски земји за да придонесе за туризмот во земјата, која минатата година ја посетиле речиси осум милиони странци.

Како што се наведува на веб-страницата на владата, посетителите од Велика Британија, Германија, Франција, Италија и од Шпанија од јули нема да имаат потреба од виза за престој во Виетнам до 15 дена.

Одлуката за укинување на туристичките визи ја донесе премиерот Нгујен Тан Дунг.

Визата за Виетнам во моментов не им е потребна на граѓаните на некои членки на Асоцијацијата земји од Југоисточна Азија, на нордиските земји, Русија, Белорусија, Јапонија и на Јужна Кореја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...