среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Виетнам | 21 резултати

Цитат на Хенри Кисинџер поврзан со настаните во Виетнам, атрибуиран на Махатма Ганди

12 октомври 2023

Цитатот е од ноември 1968 година, откако Ричард Никсон е избран на претседател на САД. Оригиналниот цитат е забележан од страна на Вилијам Ф.Бакли во журнал на Обединетите Нации, се атрибуира на Хенри Кисинџер и гласи: „На Никсон треба да му се каже дека веројатно целта на Клифорд (секретар за одбрана на Џонсон) е да го […]

Фејсбук-страницата на ОБСЕ Македонија хакирана

21 јануари 2023

Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана , соопштија од оваа организација. Таа од вчера е преименувана и внесени се други содржини, односно реклами на виетнамски за хотлајн. „ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка […]

Трамп и Путин нема да имаат средба, но „веројатно ќе си речат здраво“

10 ноември 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп на маргините на азиско-пацифичкиот самит во Виетнам нема да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин, соопшти Белата куќа. Двајцата претседатели се во Виетнам, но средбата нема да се случи. – Средбата не беше потврдена. Ќе бидат на исто место, но дали ќе налетаат еден на друг и ќе си […]

Путин и Трамп ќе се сретнат во Виетнам

7 ноември 2017

Лидерите на Русија и на САД, Владимир Путин и Донлад Трамп, ќе разговараат за Северна Кореја на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка во Виетнам следната недела, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој истакна дека двајцата претседатели на самитот ќе имаат можност да разговараат и дека во тек се подготовките за нивната средба. Американската телевизија […]

Тајфунот Демри усмрти 44 лица во Виетнам

6 ноември 2017

Силниот тајфун што го погоди Виетнам однесе најмалку 44 животи и предизвика голема материјална штета долж јужниот и централниот брег на оваа азиска земја. Властите наведуваат дека 19 лица се водат како исчезнати по налетот на тајфунот Демри во саботата, вклучувајќи и деветчлен екипаж на товарен брод кој потонал кај покраината Нањ Хоа. Повеќе од 116.000 […]

Во најсмртоносното невреме во Виетнам загинаа 54 лица

13 октомври 2017

Бројот на загинатите во поплавите и во свлечиштата во северниот и во централниот дел на Виетнам се зголеми на 54 лица, соопштија денеска властите. Ова, како што се наведува, е една од најсмртоносните временски непогоди што го погодиле Виетнам години наназад. Спасувачите очајнички трагаат по 39 лица, кои се водат за исчезнати откако поројните дождови неделава погодија […]

Во поплави во Виетнам загинаа 37 лица

12 октомври 2017

Поплавите што беа предизвикани од тропска бура во Виетнам усмртија 37 лица, соопштија денеска од агенцијата за превенција на катастрофи. Четириесет лица се водат за исчезнати, а уште 21 лице се повредени откако поројните дождови предизвикаа свлечишта во северниот и во централниот дел на земјата. Виетнам е често изложен на разорни бури и на поплави. Повеќе […]

Заев – Бин Мин: Македонија ќе ја продлабочува економската соработка со Виетнам

23 септември 2017

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретнале со заменик-премиерот на Виетнам, Фан бин Мин. На средбата било договорено соработката помеѓу двете држави да биде продлабочена на економски план, со вклучување на бизнис-заедниците на двете земји. „Констатирано е дека Виетнам со своите 90 милиони жители е атрактивен нов потенцијален пазар […]

Тајфунот Доксури го погоди Виетнам, осум загинати

16 септември 2017

Разорниот тајфун Доксури го погоди средишниот дел на Виетнам, каде осум лица загинале, а четири се повредени, пренесува ХРТ. На брегот на Виетнам ветерот дувал со брзина од 135 километри на час. Повеќе од еден милион луѓе останале без струја, а оштетени биле илјадници куќи. Властите предупредиле на опасност од поплави и лизгање на земјиштето. […]

Дваесет и четири лица загинаа во поплава во Виетнам

17 октомври 2016

Во поплавите предизвикани од поројните дождови по минувањето на тајфунот Сарика, загинаа 24 лица, додека четири исчезнале во централниот дел на Виетнам, соопштија денеска властите во Ханој. Две лица загинаа на Филипини, каде поради налетот на тајфунот се евакуирани 150.000 лица. Најмалку 18 лица загинаа во виетнамската провинција Кванг Бин, која е најмногу погодена од […]

Обама ја поздрави слободата на говорот во Виетнам

25 мај 2016

Американскиот претседател Барак Обама на Форум на млади азиски лидери кој се одржува во Хо Ши Мин, Виетнам, ја поздрави слободата на говорот во оваа земја. – Луѓето треба да бидат оставени слободно да го изразуваат своето мислење. Тоа е дел од постоењето на современата култура во 21 век – рече тој во одговорот на […]

Поплавите во Виетнам однесоа 14 животи

28 јули 2015

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите што го зафатија Халонг, летувалиште на североистокот на Виетнам, соопштија денеска локалните власти. Три лица, исто така, се водат како исчезнати во најтешките поплави во Виетнам во последните 40 години. Властите соопштија дека неколку илјади куќи се поплавени и оштетени на туристичкиот остров Ко То. Неколку илјади војници се мобилизирани […]

Виетнам ги укинува визите за некои европски земји

19 јуни 2015

Виетнам ги укинува туристичките визи за пет европски земји за да придонесе за туризмот во земјата, која минатата година ја посетиле речиси осум милиони странци. Како што се наведува на веб-страницата на владата, посетителите од Велика Британија, Германија, Франција, Италија и од Шпанија од јули нема да имаат потреба од виза за престој во Виетнам до 15 дена. […]

Македонија и Социјалистичка Република Виетнам потпишаа Договор за економска соработка

2 декември 2014

Денеска министерот за економија, Беким Незири, и заменик-министерот за индустрија и за трговија на Социјалистичка Република Виетнам, До Танг Хаи, потпишаа Договор за економска соработка помеѓу двете земји. Со овој договор се создаде правна рамка за развој и за унапредување на економската соработка, која ќе ги опфати земјоделската и прехранбенате индустрија, електро-техничката индустрија, хемиската и […]

Груевски на средба со заменик-претседателката на Социјалистичка Република Виетнам

2 декември 2014

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе има средба со Нгујен Ти Доан, заменик-претседателка на Социјалистичка Република Виетнам. По средбата ќе се потпише Договорот за економска соработка помеѓу двете земји, кој ќе биде потпишан од Беким Незири, министер за економија на Република Македонија, и До Танг Хаи, заменик-министер за индустрија и за трговија на Социјалистичка Република Виетнам. […]

Вељаноски и Иванов на средба со заменик-претседетелката на Виетнам

2 декември 2014

Денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се сретне со заменик-претседателката на Виетнам, Нгујен Ти Доан, која ќе престојува во официјална посета на Македонија. Заменик-претседателката на Виетнам во текот на денот ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

„Самсунг“ ќе гради фабрика во Виетнам

11 ноември 2014

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг електроникс“ (Samsung еlectronics) ќе инвестира три милијарди долари во изградбата на својата фабрика во Виетнем, објави „Би-Би-Си“. Ова ќе биде втората фабрика на производителот на смартфоните и таблетите „галакси“ (Galaxy). Првата производствена линија чинеше две милијарди долари и проработи во март оваа година, откако во неа работат повеќе од 16.000 лица.  

Страна 1 од 1