fbpx

Женски лик за првпат на доларска банкнота

-

Женски лик ќе ја краси новата верзија на банкнотата од 10 американски долари.

– Преку американската валута нашата нација покажува кои сме и за што се залагаме. Нашите банкноти со слики на големите американски лидери и со симболи веќе долго време се начин на кој ние изразуваме почит кон нашето минато и ги изразуваме нашите вредности. Само неколкупати досега сме ги смениле ликовите на банкнотите откако првично беа пуштени во оптек и јас сум горд што новата десетка ќе биде првата банкнота по повеќе од еден век на која ќе има портрет на жена – вели секретарот за финансии на САД, Џек Лу.

Новата банкнота ќе биде пуштена во оптек во 2020 година, еден век откако со 19. амандман на жените им беше загарантирано правото да гласаат.

Од Секретаријатот за финансии планираат да побараат и мислење од јавноста за идејата на банкнотата од 10 долари, жена да го замени Александар Хамилтон, првиот министер за финансии на нацијата. Тие, исто така, ќе ги земат предвид и мислењата на социјалните мрежи, за што е воведен и хаштаг #TheNew10. Одлуката ќе биде соопштена до крајот на годината.

Истражување на „Би-Би-Си њуз“ покажува дека Австралија, заедно со Шведска, води кога станува збор за еднаква застапеност на жените на валутите, додека другите западни земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Канада, заостануваат далеку зад нив.

САД, всушност, заедно со Кина, Индија, Индонезија и со Израел за нивната застапеност на жените на банкнотите, имаат резултат нула.

Други нации, како Малезија, Сингапур и Јужна Африка, имаат само по еден маж на валутите и ниту една женска личност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...