fbpx

Британски научници тврдат: Се зголемува продажбата на мајчино млеко преку интернет

-

Истражување, спроведено од британски научници, покажало дека се зголемува продажбата на мајчино млеко од доилки, кое преку интернет го купуваат фетишисти, бодибилдери и болни од рак, јавува „Би-Би-Си“.

Тим научници од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон тврдат дека млекото што се продава е непастеризирано и може да содржи опасни бактерии.

Тие велат дека тврдењата дека мајчиното млеко го зајакнува имуниот систем се погрешни, а употребата на млекото може да биде дури и опасна.

Засега нема точни податоци колкава е продажбата на овој продукт, кој се нарекува и „течно злато“, бидејќи договорот за купопродажба секогаш го прават две страни.

Доктор Сара Стел од „Бартс и Лондонската школа за медицина и стоматологија“, авторка на извештајот во списанието на Кралското друштво за медицина, за „Би-Би-Си“ изјавила дека продажбата на мајчино млеко е во постојан пораст насекаде во светот.

Во извештајот било наведено дека 93 отсто од мајчиното млеко продадено преку интерент содржи бактерии бидејќи за пакување и за чување на млекото не се користи никаква опрема за стерилизирање.

Поради ова, научниците предупредиле на можни закани од хепатит Б и Ц, ХИВ и сифилис.

Трговијата со мајчино млеко почнала пред неколку години, како помош за мајките кои немаат доволно млеко за доење.

Сега се купува и поради наводната корист по здравјето, зголемувањто на мускулната маса и фетишизам.

Доктор Стел изјавила дека мајчиното млеко што се продава ги нема истите ригорозни безбедносни стандарди кои важат за другата храна што се продава.

Таа била особено загрижена поради тоа што млекото се продава на болни од рак бидејќи, како што изјавила, „кај овие пациенти имуниот систем не функционира како кај здрава возрасна личност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...