Портпаролката на зоолошката градина во Тбилиси изјави дека е можно уште некое животно да е на слобода.

– Мораме да го утврдиме точниот број на настраданите животни во поплавите, како и на преживеаните – рече Мзиа Шарашиѕе.

Деветнаесет лица загинаа во поплавите што викендот го зафатија Тбилиси, меѓу кои и тројца вработени во зоолошката.
Вчера тигар усмрти човек во Тбилиси, по што е застрелан.

Повеќе од половина од 600 животни, колку што имало во зоолошката, се удавиле, а дел полицијата ги уби додека талкале по улиците на главниот град.