fbpx

ОН: Рекордни 60 милиони луѓе ги напуштиле домовите поради конфликт

-

Рекордни 60 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови поради конфликтите и насилството што беснеат во целиот свет, покажуваат податоците на ОН за минатата година.

Тоа се 8,3 милиони повеќе бегалци и внатрешно раселени лица во светот отколку во 2013 година – најголем пораст во историјата за една година, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН во извештајот насловен „Светска војна“.

Неверојатни 59,5 милиони луѓе беа раселени од своите домови во светот на крајот на 2014 година како резултат на прогон, конфликти, генерализирано насилство или прекршување на човековите права, се вели во извештајот.

За споредба, мигранти во 2013 година биле 51,2 милиони луѓе, а пред десет години – 37,5 милиони луѓе. Ако овие луѓе се сметаат за една нација, тогаш таа би била 24. по големина во светот. Од вкупната бројка, 19,5 милиони луѓе се бегалци, 1,8 милиони се баратели на азил, а повеќе од 38,2 милиони лица избегале од своите домови, но останале во својата земја.

Повеќе од половина од бегалците во светот се деца, во споредба со 41 процент во 2009 година.

– Работите излегуваат од контрола едноставно затоа што светот, се чини, е во состојба на војна – изјавил Антонио Гутијерес од Агенцијата за бегалци на ОН, истакнувајќи дека конфликтите во Сирија и во Ирак принудиле 15 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Но, тоа не се единствените конфликтни места на планетата. Во последните пет години најмалку 14 конфликти избувнале или се продолжиле, а повеќе од половина од нив се во Африка.

Гутијерес ги повика европските земји да ги задржат границите отворени.

„Во Европа, повеќе од 219.000 бегалци и мигранти го преминале Средоземно Море во 2014 година. Тоа е речиси трипати повеќе од претходниот рекорд од околу 70.000 во 2011 година“, се вели во извештајот.

Извештајот покажува дека земјите во развој ќе пречекаат 86 отсо од сите бегалци од војни или луѓе кои биле прогонувани во своите земји

– Повеќе од 3.500 жени, мажи и деца загинаа или исчезнаа во Средоземно Море во текот на годината, што јасно го покажува фактот колку опасна и непредвидлива стана ситуацијата – изјавил Гутијерес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...