fbpx
Свет Страница 680

Свет

Волфганг Шојбле: Грција ќе се соочи со големи проблеми во наредните денови

Еврозоната ќе направи сè што е потребно за да се спречи „зараза“ од грчката криза, изјави синоќа германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле. Според него, Грција ќе се соочи со големи проблеми наредните денови. Но, тој е уверен дека Грција ќе остане членка на еврозоната....

Еврогрупата нема да дозволи продолжување на финансирањето на Грција

Еврогрупата нема да ја продолжи финансиската програма за Грција. Првиот човек на Еврогрупата, Јирген Дајселблум, на прес-конференцијата по состанокот на европските министри за финансии, изрази голема разочараност од одлуката на грчката влада ги прекине ненадејно преговорите и да најави референдум, посочувајќи дека нема да...

Вознемирувачка снимка од нападот во Тунис се појави на интернет

Исламска држава го објави идентитетот на убиецот на туристите во хотелот „Империјал“ во Тунис. Тоа е Абу Јахја Кујравани кој пукаше во луѓето на плажа, чија слика се појави на социјалните мрежи, објавена од Исламска држава. „Нашиот брат, војникот Абу Јахја ал Кујравани, ја оствари...

Тунис ќе затвори 80 џамии

Околу 80 џамии ќе затвори владата на Тунис поради нападот кој се случи вчера пред хотел во туристичкото одмаралиште во градот Сус. Џамиите кои ќе бидат затворени не се контролирани од државата, а премиерот на Тунис, Хабиб Есид, ги обвини џамиите дека поттикнуваат насилство и...

Грците извлекуваат пари од банкоматите, опозицијата бара Ципрас да се повлече

Најавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас за референдум креираше мала паника меѓу граѓаните. Уште од 2 часот по полноќ, кусо по обраќањето на Ципрас голем дел граѓани почнаа да формираат редови пред банкоматите на банките во Атина и бензинските станици, во паника дека може...

Ципрас пресече: Референдум за мерките на 5 јули

Грците на 5 јули ќе одлучуваат за иднината на државата и за пакетот мерки што ги предлагаат европските кредитори. Премиерот Алексис Ципрас по пет месеци неуспешни преговори и натегања со европските партнери, како и силни притисоци за построги мерки, одлучи да ја стави судбината на...

Камерон уверен во нови и променети односи со ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон изрази уверување дека ќе следат нови и променети односи со Брисел откако покрена обид за измена на договорот со Европската унија, пред најавеното одржување на националниот референдум за напуштање на таа заедница до крајот на 2017 година. - Пред сè, мило...

Кралицата Елизабета ги посети поранешните концентрациони логори во Германија

Британската кралица Елизабета Втора, во текот на последниот ден од нејзината посета на Германија, ги посети меморијалните центри на поранешниот концентрационен логор Берген-Белзен, што, како што оценуваат медиумите, е политички најзначајниот момент од нејзината посета. Кралицата и нејзиниот сопруг Филип, по лична желба на кралицата првпат...

Врховниот суд на САД ги легализираше истополовите бракови

Американскиот Врховен суд пресуди дека истополовите двојки ќе можат легално да стапат во брак во сите 50 сојузни држави на САД, со што бракот стана уставно право на сите што живеат во Америка. Со историска одлука со пет наспроти четири гласа, претседателот Ентони Кенеди со мнозинството одлучи дека...

Во џамија во Кувајт убиени најмалку 13 луѓе

Во експлозија во шиитска џамија во престолнината на Кувајт, најмалку 13 луѓе се убиени, а повеќе се повредени. Експлозијата се случи по џумата, односно пладневната молитвата, во Кувајт Сити.

Во напад на плажа во Тунис загинаа најмалку седум туристи

Oткако беа нападнати два хотели во тунискиот град Сус, загинаа најмалку седум луѓе. Во хотелите главно претстојуваат странски гости. Инцидентите се случија откако вооружени лица влегле во хотелите и отвориле оган врз туристите. Според дел од западните медиуми, во регионот на нападнатите хотели се слушаат истрели. Министерството...

Нема евтин роаминг во Црна Гора

Спогодбата со која требаше од 30 јуни на граѓаните на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и на Македонија да им се овозможи поевтино телефонирање во роаминг, нема да важи за Црна Гора. Имено, Управниот суд на Црна Гора ја прифати тужбата на црногорскиот „Телеком“ и...

Во напад на фабрика во Франција еден загина, повеќемина повредени

Во напад во една фабрика во Франција, еден загина, а неколкумина се повредени. Нападот го извршил напаѓач кој носел знаме со исламистички написи. Тој влегол во фабриката и поставил неколку помали експлозивни направи, соопштуваат официјални лица. Напаѓачот потоа бил уапсен и им бил познат на разузнавачките служби. Нападот...

Шефот на тајната служба на Руанда бил уапсен во Лондон пред средба со МИ6

Поради средба со раководството на британската разузнавачка агенција МИ6, шефот на тајната служба на Руанда, генерал Карензи Караке, допатувал во Велика Британија по што минатиот викенд беше уапсен во Лондон, откриваат лондонските медиуми. Средбата била закажана за 18 јуни, но во последен момент била откажана. Два...

Грција на работ на седиштето, договор сè уште нема

Во клима на голема вознемиреност и незивесност, во Грција се исчекува следната партија од тензичните разговори меѓу премиерот Алексис Ципрас и европските кредитори. Недела е крајниот рок за завршување на преговорите меѓу Атина и Брисел. Ќе донесе ли викендот конечно договор или Грција ќе...

Најмалку 30 загинати во напад на воена база во Сомалија

Најмалку 30 лица биле убиени во вооружен напад на воена база на Африканската унија, во јужниот дел на Сомалија, изјавиле очевидци, пренесуваат светските медиуми. Станува збор за напад на бомбаш-самоубиец, кој детонирал автомобил-бомба пред главниот влез на базата во Лего, покрај патот што ги поврзува...

Кина, главен осомничен за големиот хакерски напад на САД

Кина е „главниот осомничен“ за големиот хакерски напад на владината агенција на САД задолжена за чување на личните досиеја на милиони Американци, изјавил шефот на разузнавањето на САД, Џемјс Клапер. Клапер е највисоко рангираниот службеник на САД што јавно го поврза Пекинг со упадот во системот со...

Девет лица загинаа при пад на мал авион на Алјаска

Девет лица, од кои осум туристи и пилот, кои тргнале да ги разгледуваат фјордовите во близина, загинале откако малиот авион со кој патувале се урнал во близина на Кечикен, на југоситочниот дел на Алјаска. Спасувачките екипи успеале да дојдат на местото на падот на авионот,...

Во Лазарат уапсени 14 лица

Акција за разбивање наркобанда во селото Лазарат и денеска изведуваат стотина албански полицајци. Според информациите од албанската полиција, во акцијата досега се уапсени 14 лица од 21 осомничен за напад на полицијата. Повеќе од десет веќе се сослушани во обвинителството во врска со престрелката, во...

Косовскиот парламент ќе одлучува за специјалниот суд за воени злосторства

Парламентот на Косово денеска треба да донесе одлука дали ќе се формира специјален суд за воени злосторства што ги извршила ОВК. Здружението на ветерани на ОВК за денеска најавува и протести, а од овие причини седницата досега неколкупати беше одложена. Претседателот на здружението, Џавит Јашари, рече дека...