fbpx

Шефот на тајната служба на Руанда бил уапсен во Лондон пред средба со МИ6

-

Поради средба со раководството на британската разузнавачка агенција МИ6, шефот на тајната служба на Руанда, генерал Карензи Караке, допатувал во Велика Британија по што минатиот викенд беше уапсен во Лондон, откриваат лондонските медиуми.

Средбата била закажана за 18 јуни, но во последен момент била откажана. Два дена подоцна, Караке беше уапсен на лондонскиот аеродром „Хитроу“.

Некогашниот воен генерал во својата земја и подоцна командант на дел од меѓународните мировни сили во Дарфур, во Западен Судан, сега раководи со разузнавачката служба на Руанда.

Еден шански суд, за него има распишано меѓународна потерница и налог за апсење, затоа што е обвинет дека наредил извршување масакр врз цивили, во текот на граѓанската војна во оваа источноафриканска земја во 1994 година. Станува збор за времето кога во Руанда беше спроведен геноцид врз етничката заедница Тутси, што го извршија припадниците на заедницата Хути.

Шпанскиот суд го обвинува Караке и за ликвидацијата на тројца лекари хуманитарци од Шпанија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...