Почна летниот саем на книга во „Рамстор мол“

Вчера во трговскиот центар „Рамстор“ почна летниот саем на книга, на кој со своите најнови и постоечки изданија ќе се претстават вкупно 30 издавачки куќи.

Во рамките на четиридневната програма на саемот, некои од изданијата, љубителите на пишаниот збор ќе можат да ги купат по пониски цени до 70 отсто, а ќе бидат организирани дружења со познати автори и промоции на дела.

На првиот ден од саемот, со своја поезија се претстави поетесата Искра Донева, а авторот Миле Костов имаше промоција на свое дело.

За денеска е најавена промоција на книги од Горјан Петревски, а в недела ќе се одржи промоција на дела од Петар Лазаров.