Уапсен еден од главните осомничени за геноцидот во Руанда во 1994 година

-

Главниот осомничен за геноцидот во Руанда во 1994 година е уапсен вчера во Демократска Република Конго, соопштија денеска Обединетите нации (ОН).

Педесет и тригодишниот Ладислас Нтаганцва е обвинет дека стои зад организирањето на масовните силувања и масакр на илјадници луѓе во геноцидот во Руанда во кој загинаа околу 800.000 луѓе.

Тој е еден од деветтемина осомничени кои се на листата на лица барани од Обединетите нации поради вмешаност и улога во геноцидот.

Соединетите Американски Држави имаа распишано награда од 5 милиони долари за апсење на Нтаганцва. Како што пренесуваат светските агенции, се очекува на Нтаганцва да му биде судено во Руанда.

Во геноцидот во Руанда од 1994 година, милициите на мнозинската етничка група Хуту, според процените, убија од 500.000 до еден милион Тутси и умерени Хути, во колежот кој траеше речиси 100 дена.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...