fbpx

Институциите купуваат исти производи по различни цени

-

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Индексот на рационалноста бр. 12, кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале сообраќајни знаци, обележување на улици, фискални апарати, камери за видеонадзор и финансиска ревизија.

Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на услугата за финансиска ревизија, а најмала во набавката на фискални апарати.

Во извештајот, како поевидентни разлики се наведени кај следните набавки:

– сообраќајните знаци (вертикална сообраќајна сигнализација) се купувани по цени кои се движат од 745 денари до 3.882 денари за еден знак „стоп“, со што највисоката цена е за дури 421 процент повисока од најниската;
– обележувањето на улиците (хоризонтална сообраќајна сигнализација) ги чинело институциите од 142 до 354 денари за еден квадратен метар,  со што највисоката цена е за 149 отсто повисока од најниската;
– мобилните фискални апарати ги чинеле институциите 10.894 до 16.772 денари, што значи дека највисоката цена е за 54 отсто повисока од најниската;
– камерите за видеонадзор се купувани по цени кои се движеле од 1.682 до 6.490 денари, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за речиси три пати (286 проценти) поголема од најниската цена.
Финансиската ревизија ги чинела институциите од 0,026 проценти до 0,717 проценти од големината на финансискиот обрт што бил предмет на ревизија, со што највисоката цена е за 27 пати повисока од најниската.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...