fbpx

Во Лазарат уапсени 14 лица

-

Акција за разбивање наркобанда во селото Лазарат и денеска изведуваат стотина албански полицајци. Според информациите од албанската полиција, во акцијата досега се уапсени 14 лица од 21 осомничен за напад на полицијата.

Повеќе од десет веќе се сослушани во обвинителството во врска со престрелката, во која загина еден полицаец, а двајца беа ранети. Припадниците на специјалните сили за борба против дрога „Ренеа“ и специјалните полициски сили и денеска ја продолжуваат акцијата против шверцерите и одгледувачите на дрога во Лазарат, место кое се наоѓа во близина на Џирокастро.

На терен сè уште се силни полициски единици со блиндирани возила, кои вршат претрес од куќа во куќа во потрага по оружје и по лицата кои учествуваа во престрелката со полицијата. Лазарат е познато како фабрика за марихуана, каде главна земјоделска дејност на населението е одгледување марихуана. Во текот на минатогодишната опреација на полицијата беа уништени 23 тони канабис и околу 81.300 стебла и расад од ова растение. При претресот беа пронајдени и четири лаборатории, од кои две за преработка и за пакуваање билки и две за преработка на хашиш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...