Груевски на бизнис-форум во Париз

На бизнис-форум организиран од групацијата „Македонија 2025“ во Париз, ќе престојува премиерот Никола Груевски заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Горан Мицковски, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Климент Шекеровски.

Целта е презентација на можностите за инвестирање и на поволностите што се нудат во Македонија, како и поврзување на повеќе успешни бизниси водени од македонски и од претприемачи од Европа и од светот и можностите за нивен импакт во развојот на македонската економија.

На форумот предвидени се три панел-дискусии, при што воведно обраќање ќе има премиерот Груевски.