fbpx
Свет Европа Страница 195

Европа

Ќе се укинат летовите меѓу Украина и Русија

Директните летови меѓу Украина и Русија ќе бидат прекинати од полноќ, бидејќи стапуваат на сила санкциите што ги воведе украинската влада кон Русија. Властите во Москва најавија реципрочни мерки. На овој начин, ќе бидат засегнати 70.000 патници. Санкциите се воведени за да се казни Русија за анексијата на...

Самитот во Брисел за бегалската криза најмногу зависи од Ангела Меркел

Во седиштето на ЕУ, утре попладне ќе се одржи мини-самит на лидерите на десет држави кои се наоѓаат долж балканската рута, преку која бегалците стигнуваат во Европската унија. Исходот од состанокот, во целост зависи од германската канцеларка Ангела Меркел, оценуваат европските комесари. На самитот ќе учествуваат...

Германија ќе протерува мигранти, вклучувајќи ги и тие од Балканот

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезјер, изјави дека поедноставената процедура за депортација на одбиените баратели на азил ќе стапи на сила овој викенд, една недела пред планираниот рок. Пакетот мерки што германските пратеници ги одобрија минатата недела, имаат цел да ја намалат формалноста, да ја забрзаат...

Во сообраќајна несреќа во Франција загинаа 42 лица

Најмалку 42 лица загинаа во директен судар на камион и на автобус на југоистокот на Франција во Лилбурн, во областа Жиронд, а властите наведуваат дека е можно бројот на жртвите да се зголеми. Според најновите податоци, во несреќата има осум преживеани, од кои пет се полесно...

Путин со рекорден рејтинг во Русија

Популарноста на рускиот претседател Владимир Путин достигна рекордни 90 отсто, по одлуката за воен ангажман во Сирија. Според резултатите од истражувањето на јавното мислење, кое го спроведе агенцијата ВЦИОМ, рејтингот на Путин меѓу руските граѓани во октомври изнесува 89,9 отсто. Рејтингот во јуни изнесувал 89,1...

Илјадници бегалци пешачат од Словенија кон Грац

Илјадници бегалци неконтролирано влегоа од границата на Словенија во Австрија. Новодојдените бегалци се споија со тие што веќе беа на територијата на Австрија, формираа колона од повеќе од 5.000 луѓе и почнаа пеш да се движат кон Грац. Властите велат дека полицијата цел ден се обидувала да...

Нуланд во Атина изрази надеж дека ќе се најде заедничко решение за името

Спорот за името и македонско-грчките односи се најдоа на агендата на заменичката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, во Атина. За ова прашање, кое две децении ги кочи македонско-грчките односи, Нуланд разговарала и со премиерот Алексис Ципрас, како и со шефот на грчката дипломатија, Никос...

Швајцарски воен ловец пресретнал авион со руски дипломати

Руски дипломати патувале на состанок во Женева кога до нивниот авион во швајцарскиот воздушен простор се приближил воен ловец. Руските власти веднаш остро реагирале, повикувајќи го францускиот амбасадор во Москва на информативен разговор. Русите сметале дека станува збор за француски авион, но француските власти веднаш...

Шведска: Околу 30.000 деца без придружба ќе бараат азил

Околу 30.000 деца без придружба на родители или старатели до крајот на годинава ќе побараат азил во Шведска, процени шведската канцеларијата за миграција. Шведската влада претходно процени дека бројката на деца без придружба до крајот на годинава ќе достигне околу 12.000. Весникот „Експресен“ наведува дека властите...

Летонија ќе подигне ограда на границата со Русија

Летонија соопшти дека ќе подигне ограда долж својата 270-километарска граница со Русија, за да ја спречи илегалната миграција во оваа балтичка земја. Портпаролката на министерството за внатрешни работи на Летонија, Дијага Холма, изјави дека ограда со сензори ќе покрива вкупно 90 километри во неколку области од...

Турција го откри идентитетот на бомбашот од Анкара

Турските власти го идентификуваа едниот од двајцата бомбаши-самоубици што извршија два бомбашки напади во Анкара, во кои загинаа 102 лица. Медиумите во Турција наведуваат дека братот на едниот од напаѓачите исто така бил бомбаш-самоубиец во претходен напад. Канцеларијата на државниот обвинител во Анкара објави дека еден од...

Новинарка на „Би-Би-Си“ пронајдена обесена на аеродром во Истанбул

Новинарката на „Би-Би-Си“ и директорка на Институтот за воено и мирнодопско известување, Џеки Сутон, е пронајдена мртва на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, откако го пропуштила поврзувачкиот лет за Ирак. Педесетгодишната Сутон е пронајдена обесена во тоалетот, откако го пропуштила летот од Истанбул за Ербил. Според аеродромскиот...

На изборите во Швајцарија победи антиимигрантската партија

Антиимигрантската Швајцарска народна партија (СВП) освои најголем процент од гласовите на вчера одржаните парламентарни избори. СВП го зголемува притисокот врз Берн за воведување квоти за влез на бегалци од ЕУ во Швајцарија. Имиграцијата, односно доаѓањето на бегалци од Сирија и од земјите од Африка во...

Меркел денеска на средба со Ердоган за договор за бегалската криза

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска треба да допатува во посета на Турција, каде со нејзиниот домаќин, претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара околу бегалската криза и за договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција за нејзино решавање, кој сè уште е неизвесен. Меркел, која се...

Најсериозната кандидатка за градоначалник на Келн ранета со нож

Најсериозниот кандидат за градоначалник на германскиот град Келн, Хенриета Рекер, денеска била ранета со нож, во напад што го извршил 44-годишен маж, за време на избораната кампања, еден ден пред закажаните избори, соопшти полицијата, пренесуваат медиумите. Рекер, според полицијата, била ранета во вратот, но е...

Фицо: Словачка до 18 декември ќе поднесе тужба против ЕУ за квотите

Словачкиот премиер Роберт Фицо соопшти дека Словачка до 18 декември пред Европскиот суд на правдата ќе поднесе тужба против Европската унија затоа што е надгласана и наредено ѝ е да прими 802 бегалци во рамки на еднократните квоти за прераспределба. - Немаме никаква причина да...

Лидерите на ЕУ и на Турција постигнаа договор за блокада на мигрантите и за заштита на границите

Лидерите на Европската унија синоќа во Брисел го прифатија договорот со Турција, кој предвидува милијарда евра помош за Анкара за да го запре неконтролираниот прилив на мигранти во Европа, а постигната е спогодба во следните недели да се постави гранична стража и да се...

Орбан утре ќе соопшти дали ќе ја затвори и границата со Хрватска

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, најави дека утре ќе ја соопшти конечната одлука за затворање на границата со Хрватска поради бегалската криза, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ. Пред тоа, тој за планот уште еднаш ќе разговара со европските и со регионалните партнери на вечерашниот самит на...

Меркел: Во контролата на границите на ЕУ треба да учествуваат сите земји-членки

Сите земји-членки на Европската унија (ЕУ) треба да бидат подготвени да испратат безбедносен персонал за контрола на надворешните граници на унијата, изјавила германската канцеларка, Ангела Меркел, при пристигнувањето на денешната средба на лидерите на ЕУ во Брисел, јавува „Би-Би-Си“. Меркел, во тој контекст, изјавила дека...

Бундестагот го заостри законот за азиланти

Долниот дом на германскиот парламент, Бундестаг, денеска и покрај бројните критики на здруженијата за заштита на човековите права и на левичарските партии, усвои нов закон за азил со кој драстично се намалуваат правата на барателите на азил. Со законот, освен Србија, БИХ и Македонија, како...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...