fbpx

Меркел: Во контролата на границите на ЕУ треба да учествуваат сите земји-членки

-

Сите земји-членки на Европската унија (ЕУ) треба да бидат подготвени да испратат безбедносен персонал за контрола на надворешните граници на унијата, изјавила германската канцеларка, Ангела Меркел, при пристигнувањето на денешната средба на лидерите на ЕУ во Брисел, јавува „Би-Би-Си“.

Меркел, во тој контекст, изјавила дека не би било фер од членките на ЕУ кои досега примиле најголем број бегалци, баратели на азил, сега да мораат дополнително да ги обезбедуваат и границите.

„Очигледно е дека само неколку земји прифаќаат најголем дел од бегалците и ако сега дополнително се бара од тие земји да ги обезбедат надворешните граници, тогаш сметам дека не би можеле да зборуваме за фер распределба на напорите“, ја цитира „Би-Би-Си“ изјавата на германската канцеларка, која актуелната состојба ја оценила како „многу хаотична“.

Како што пренесува британскиот национален сервис, денешниот самит на лидерите на ЕУ има цел да го осигура договорот со Турција за запирање на протекот на мигранти кои се обидуваат да стигнат во Европа.

Германската канцеларка во пресрет на самитот оцени дека подобрувањето на условите во регионите од кои доаѓаат бегалците би можело да ги одврати од доаѓање во Европа.

„Турција, без сомнеж, има клучна улога во оваа работа, затоа што прими речиси два милиони Сиријци и е главна транзитна земја за бегалците“, рече Меркел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...