fbpx

Орбан утре ќе соопшти дали ќе ја затвори и границата со Хрватска

-

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, најави дека утре ќе ја соопшти конечната одлука за затворање на границата со Хрватска поради бегалската криза, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ.

Пред тоа, тој за планот уште еднаш ќе разговара со европските и со регионалните партнери на вечерашниот самит на шефовите на влади на 28-те земји-членки на Европската унија (ЕУ) во Брисел, на кој тема повторно ќе биде бегалската криза и зајакнувањето на надворешните граници на ЕУ.

Унгарија одлуката за затворање на границата со Хрватска ќе ја донесе најдоцна до утре изутрина, а како што изјавил Орбан, за тоа ќе биде потребен еден час.

Инаку, оградата кон границата со Хрватска е завршена и поставена. Претходно Унгарија ограда од бодликава жица постави на границата со Србија и покрај жестоките критики од меѓународната заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...