fbpx

Шведска: Околу 30.000 деца без придружба ќе бараат азил

-

Околу 30.000 деца без придружба на родители или старатели до крајот на годинава ќе побараат азил во Шведска, процени шведската канцеларијата за миграција.

Шведската влада претходно процени дека бројката на деца без придружба до крајот на годинава ќе достигне околу 12.000.

Весникот „Експресен“ наведува дека властите во земјата на сите можни начини се обидуваат да пронајдат простор за сместување на пристигнатите бегалци.

Минатата недела шведските власти соопштија дека годинава забележале рекорден број на барања за азил, односно дека досега се поднесени 86.223 барања за азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...