fbpx
Свет Балкан Страница 230

Балкан

Мачен ден за грчката влада

Темни облаци надвиснаа над грчката влада по пораката од меѓународните кредитори дека пакетот за штедење веројатно ќе мора да продолжи и во 2015 година. Владата на Нова демократија и на ПАСОК се надеваше дека на преговорите со „тројката“ во Париз, изминатите два дена, ќе постигне...

Возот Белград – Солун ќе сообраќа само до Гевгелија

Меѓународниот воз „Хелас“, кој сообраќа на релација од Белград до Солун, ќе сообраќа само до Гевгелија поради денешниот еднодневен штрајк на грчката железница, соопшти „Железница Србија“. Според соопштението, синоќешниот воз кој тргал од Белград во 18.45 часот, ќе сообраќа само до Гевгелија, а денешната релација...

Во Бугарија уапсени седум лица за поврзаност со ИСИС

Седум лица во Бугарија се обвинети дека пропагирале „антидемократската идеологија на Исламската држава“. Како што соопшти Обвинителството, тие биле дел од организирана криминална група, предводена од имамот на џамијата во Пазарџик, Ахмед Муса Ахмед. Бугарските власти на повеќе локации во југоисточна Бугарија, вчера спроведоа акција, а јавниот...

Утре генерален штрајк во Грција

Грција утре ќе биде парализирана од 24-часовниот генерален штрајк на јавната администрација. Под клуч ќе бидат сите државни служби и дел од приватниот сектор. Двата најголеми работнички синдикати ГСЕЕ и АДЕДИ и дел од приватните службеници ќе излезат на улиците во центарот на Атина...

Пангалос: По лидерот на „Златна зора“, Венизелос е втор по антипатичност

Теодорос Пангалос остро ги критикуваше Евангелос Венизелос и Јоргос Папандреу за внатрешниот раздор кој се создава во ПАСОК. Според поранешниот министер и вицепремиер од ПАСОК, ниту сегашниот, ниту претходниот лидер на ПАСОК се спасот за грчката социјалистичка партија. Генерално, за Пангалос, ПАСОК е завршена...

Каркабасис: Единствениот начин да се спречи дестабилизација на Балканот е негово интегрирање во ЕУ

Првиот човек на Академијата за дипломати на грчкото Министерство за надворешни работи, амбасадорот Пантелис Каркабкасис, смета дека Европска Унија мора да продолжи со напорите за интеграција на државите од Западен Балкан во европското семејство. Поранешниот грчки амбасадор истакна дека е во интерес на Грција и...

„Катимерини“: Може никогаш да не го дознаеме идентитетот на жителот на Амфиполис

Антрополошките и ДНК-испитувањата тешко може да го откријат идентитетот на личноста закопана во Амфиполис, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Ваквата информација доаѓа како студен туш по возбудата за откривање скелет и два цртежи во боја со ликови на маж и на жена на ѕидовите на гробницата,...

Грчката државна гасна компанија треба да ѝ плати 100 милиони евра на „Газпром“

Повеќе од сто милиони евра грчката државна гасна компанија ДЕПА ќе треба да му плати на рускиот гигант „Газпром“. Ова е во согласност со клаузулата „земи или плати“, која е составен дел од спогодбата меѓу двете компании, откако намалувањето на потрошувачката во 2014 година...

Уапсен српскиот бизнисмен Мирослав Богиќевиќ

Има сомневања дека Богиќевиќ на банките им должи повеќе од 400 милиони евра
Српската полиција денеска го уапсила српскиот бизнисмен Мирослав Богиќевиќ, сопственик на компанијата „Фармаком“, поради финансиски криминал и малверзации при подигнување кредити од банки. Има сомневања дека Богиќевиќ на банките им должи повеќе од 400 милиони евра, на српската Даночна управа - 13 милиони евра,...

Ердоган: Жените не се рамноправни со мажите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека жените не се рамноправни со мажите и ги нападна феминистките во Турција, наведувајќи дека го отфрлаат концептот на мајчинство. Говорејќи на конференција за правата на жените, Ердоган рече дека поради биолошката разлика, жените не можат...

Сиријци штрајкуваат со глад пред грчкото собрание

Голема група Сиријци почнаа штрајк со глад пред грчкиот парламент. Сиријците бараат да бидат признаени како бегалци и да добијат азил и заштита од грчката држава. Штрајкувачите бараат Грција да им обезбеди покрив над глава и медицинска помош, а дел од нив и дозвола легално да...

Нов раздор меѓу Папандреу и Венизелос

Нови внатрешни несогласувања ја тресат партијата на грчките социјалисти - ПАСОК, по предлогот на поранешниот премиер и лидер на партијата, Јоргос Папандреу, партијата да се рестартира и да се распише нов конгрес за да се избере нов претседател на социјалистите. Предлогот на Папандреу дојде еден...

Автомобил излета во Дунав, од шестмина патници, тројца спасени

Три лица ги загубиле животите, а три се извлечени од реката Дунав во Белград, денеска, рано наутро, кога автомобил, марка „бмв 325“ излетал и паднал во реката, во близина на ресторан кај Ада Хуја, пренесуваат српските медиуми. Спасувачките тимови ги извлекле телата на една девојка...

Романија: Осум загинати во хеликоптерска несреќа

Осум лица загинаа при уривање на хеликоптер во централниот дел на Романија, соопшти националната служба за вонредни ситуации. - Двајца од повредените, кои се здобиле со изгореници, се евакуирани - соопшти портпаролот на службата за вонредни ситуации, Бјанка Сабау. Засега не се познати причините за несреќата....

Владата на Хрватска распиша претседателски избори

Своја кандидатура најави и сегашниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ
Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 28 декемрви, а доколку има втор круг, тој ќе биде одржан на 11 јануари следната година. Ова го потврди портпаролот на владата, Никола Јелиќ, а формалната одлука владата ќе ја донесе на седница следниот четврток. Кандидатури за шестите...

Постигнат договор: Иса МУстафа е новиот премиер на Косово

Лидерите на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, и на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, постигнаа договор Мустафа да биде на чело на коалициската влада, а претседателот на собранието да биде од редовите на ДПК, јавуваат косовските медиуми. Договорот за формирање влада е постигнат...

ЕУ: Јоханес Хан ќе ѝ помага на Србија да привлече странски инвестиции

Новиот еврокомесар за претпристапни прговори, Јоханес Хан, ја оствари својата прва посета во регионот на Западен Балкан, во Србија, каде се сретна со премиерот Александар Вучиќ. На нивната заедничка прес-конференција, еврокомесарот најави дека многу често ќе ја посетува Србија и дека ќе организира инвестициска конференција...

БИХ: Покренати три обвиненија за геноцид

Обвинителството на Босна и Херцеговина подигна обвинение против три лица кои се товарат за геноцид. Станува збор за обвинети кои за време на геноцидот во Сребреница, вршеле високи должности во полициските структури, соопшти портпаролот на обвинителството на БИХ, Борис Грубешиќ, притоа наведувајќи дека во текот на...

Бандиќ ја плати кауцијата од два милиони евра и излезе од притвор

Милан Бандиќ и вечерва излезе од затворот во Реметинец
Загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ ја уплати кауцијата од околу два милиони евра (15 милиони куни) и вечерва излезе од затворот во Реметинец. Тој, пред истражниот судија, вети дека нема да влијае врз сведоците. По излегувањето од затворот, Бандиќ не сакал да дава никакви изјави,...

ЕУ: Истрага за корупцијата во ЕУЛЕКС на Косово

Европската посредничак Емили О’Рајли, најави отворање на независна истрага на нејзините служби за наводите за корупција на мисијата на Европската Унија на Косово, ЕУЛЕКС, дознаваат европските медиуми, кои го објавија нејзиното писмо испратено минатиот петок до надлежните во европската служба за надворешна акција, ЕЕАС. Во писмото О’Рајли...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...