fbpx

Ердоган: Жените не се рамноправни со мажите

-

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека жените не се рамноправни со мажите и ги нападна феминистките во Турција, наведувајќи дека го отфрлаат концептот на мајчинство.

Говорејќи на конференција за правата на жените, Ердоган рече дека поради биолошката разлика, жените не можат да имаат иста улога во животот.

– Нашата религија (исламот) го одредила местото на жената (во општеството) – мајчинство. Некои луѓе тоа можат да го разберат, додека другите не можат. Тоа не можете да им го објасните на феминистките бидејќи тие се противат на концептот – рече турскиот претседател на собирот, на кој меѓу жените беше и неговата ќерка Сумеје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...