fbpx
Македонија Страница 1997

Македонија

МОН: СДСМ изнесува невистини за да добие ситни политички поени

Министерството за образование и наука остро реагира на невистините изнесени од Фросина Ременски, а по повод набавката на лаборатории и наводното „изигрување на тендерска постапка“. „Со цел правилно и точно информирање на јавноста, базирано на докази и факти, информираме дека во објавен повик на Министерството...

СДСМ: Две АФИС-машини нема, документи ги разоткриваат Јанкулоска и врвот на МВР

Во медиумското манипулирање со доказите за аферата „Фабрика за пасоши“, Гордана Јанкулоска свесно избега од аргументите за криминал, сторен со нејзино знаење, обвини денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски. - Повеќедневниот партиски притисок и медиумската пропаганда на владините функционери, МВР и ВМРО-ДПМНЕ, врз...

Груевски: Современата жена мора да е успешна и во кариерата и во семејството

Современата жена на денешното време има повеќе предизвици, пркоси и се бори на секое поле, професионално и приватно, рече премиерот Никола Груевски во своето излагање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа под мотото „Дел од новото време, дел од нашето...

Пендаровски го повика народот да им се придружи на студентите

Претседателскиот кандидат на СДСМ од последните претседателски избори, кои се одржаа годинава, Стево Пендаровски, на синоќешната трибината на СДСМ во Прилеп им даде поддршка на студентите и ги повика граѓаните да им се придружат. - 10 декември е денот на човековите права. Во Скопје е...

Претседателот на БККС обвинува: Власта ги заплашува Бугарите во Македонија

Бугарите во Македонија не се слободни граѓанин, тврди претседателот на Бугарски културен клуб - Скопје, Лазар Младенов, во интервју за бугарскиот весник „Труд“. - Гонењето е придружна компонента на бугарштината. Не може да си Бугарин од Македонија и да си слободен граѓанин - вели Младенов. Претседателот на БККС,...

Бугарски „Телеграф“ обвинува: Македонија ни го краде грбот

Бугарскиот весник „Телеграф“ обвинува дека Македонија го краде бугарскиот грб. „Владата во Скопје усвои нов државен грб кој е копија на нашиот“, пишува бугарскиот весник „Телеграф“. Во печатеното издание, весникот, во текст насловен „Македонија ни го краде грбот“, наведува дека македонскиот предлог-грб е симбол на Второто...

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови за слаб локален дожд и со слаб североисточен ветер. Во северозападните и во југоисточните делови на земјата се очекуваат почести врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 6 до 14 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината ќе...

Дождовите предизвикаа поплава во Липково

Обилните дождови во текот на изминатата ноќ предизвикаа излевање на надојдените реки Слупчанка и Матејчанка во општина Липково. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, главно се поплавени ниви, а во село Опае се поплавени подрумите на три куќи. „Реката Слупчанка во селото...

Хералдичарите го поздравуваат предлогот за нов грб на Македонија

Предлогот за нов грб на Македонија, кој Владата вчера го усвои, од хералдичка гледна точка е сосема издржан, смета Јован Јоновски, претседателот на македонското здружение „Хералдика“. - Се работи за предлог кој произлегува од вековната европска хералдичка традиција, во која доминантен грб за земјата Македонија...

Иванов повика сите да се вклучат во кампањата против насилство врз жени и девојчиња

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја поддржа кампањата против насилство врз жени и девојчиња „Обој го светот во портокалово за 16 дена“. Во пораката, Иванов истакна дека правата на жените и на девојчињата се неотуѓив дел од универзалните човекови права и правото на човечко...

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење...

Облачно и врнежливо време

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи од дожд, кои во претпладневните часови ќе бидат пообилни, а ќе се намалат попладне. Минималната температура ќе се спушти до 7 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне 13 степени. Во Скопје и во околината ќе биде облачно, со повремени врнежи од...

Владата усвои предлог за нов државен грб

Црвен разгневен лав во златно-жолт штит и мурална круна во форма на тврдина во горниот дел, е предлогот за нов државен грб, што попладнево го усвоила Владата и кој наскоро треба да оди на главна расправа во Собранието, објави телевизија „Алфа“, повикувајќи се на...

„Студентски пленум“ доби поддршка од студенти од САД и од Србија

Асоцијацијата на студенти од Балканот на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во САД ги подржаа ставовите на „Студентски пленум“ против најавените реформи во високото образование. Студентите од Србија, преку социјалните мрежи, почнаа да се организираат за поддршка на своите колеги во Македонија, против најавениот државен испит. Тие...

Анкета: Одлуки треба да носат професионалците, а не политичарите

Во демократиите донесувањето на одлуките треба да се остави на професионалците и на интелектуалците, а не само на политичарите, сметаат 87 отсто од македонските граѓани, а 7 отсто не се согласуваат, покажуваат резултатите од студијата „Политичка култура, европеизацијата и стравовите во Македонија“ од анкетното...

Наместо ликвидација, битолската Зоолошка градина доби шанса за живот

Мечката, рисот, лавот, тигарот, лисицата, ракунот, мајмуните ќе добијат реконстрирани живеалишта во битолската Зоолошка градина. Нова фарма за домашни животни, нов влез и билетарница. Ова се дел од новите содржини што ќе бидат промовирани утре (сабота) на голема прослава во Битола. Години наназад на Зоолошката градина...

Свети Климентовата награда отиде во рацете на Јордан Манасиески

Познатиот сликар кој живее и твори во Охрид, Јордан Манасиески, е годинашен добитник на Свети Климентовата награда, додека Повелбата постхумно му е доделена на Слободан Крлески, фолклорист. Високите општински признанија ги добиваат личности кои дале свој особен придонес за развојот и за афирмацијата на градот...

МЦЕО: Граѓаните се плашат дека власта ги прислушува

Мнозинството граѓани во Македонија (57,7 отсто) веруваат дека власта има податоци за гласањето, 29,2 отсто не веруваат во тоа, а 13,1 отсто ниту веруваат, ниту не веруваат. Ова го покажува анекетата на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) која го третираше прашањето за наводно постоење...

На 13 декември ќе се одработува за „Ден на дрвото“

Тринаесетти декември (сабота) ќе биде работен ден, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Тој ден, се вели во соопштението, ќе се одработи неработниот ден што Владата на Република Македонија го прогласи на 3 декември (среда) поради одржувањето на акцијата „Ден на дрвото“.

Делегација на СДСМ се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. Претседателот Заев изразил подготвеност за унапредување на досегашната соработката и му посака успешна работа на новиот известувач. Во името на СДСМ, но и на сите граѓани...