fbpx

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

-

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците,  на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На делот од патот од браната „Маврово“ до раскрсницата за село Галичник, продолжуваат градежните работи. Поради присуство на градежна механизација и на работници, се препорачува внимателно возење и почитување на привремената сигнализација, а повремено, кога се врши асфалтирање, можно е и привремено затворање на патниот правец.

Поради изведување работи на пат (гребење асфалт), на патниот правец Велес – Скопје (од штипска клучка до тунелот во Катланово), сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Од АМСМ и за возачите на оваа делница препорачуваат внимателно управување со возилата. Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под привремен режим на сообраќај.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември почна да важи законската обврска за поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...