Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови за слаб локален дожд и со слаб североисточен ветер. Во северозападните и во југоисточните делови на земјата се очекуваат почести врнежи од дожд.

Температурата ќе се движи од 6 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно, со услови за слаб локален дожд. Температурата ќе достигне 12 степени.