fbpx

МОН: СДСМ изнесува невистини за да добие ситни политички поени

-

Министерството за образование и наука остро реагира на невистините изнесени од Фросина Ременски, а по повод набавката на лаборатории и наводното „изигрување на тендерска постапка“.

„Со цел правилно и точно информирање на јавноста, базирано на докази и факти, информираме дека во објавен повик на Министерството за образование и наука бр.43/2010, во согласност со Законот за јавни набавки, во делива постапка, се бараа правни субјекти што ќе обезбедат опрема за три лаборатории и тоа: лабораторија за аудио и видеообработка на податоци, лабораторија за продукција и лабораторија за криминалистичка регистрација и за идентификација“, велат од МОН.

Во соопштението се наведува дека делива постапка значи оти не мора еден ист понудувач да се јави за сите три лаборатории, туку дека може за секоја лабораторија да се појави различен понудувач. Дополнително, тоа значи и дека објавувачот на тендерот, во овој случај МОН, може да избере фирма за само една или за само две од трите лаборатории, односно не мора за сите три лаборатории да се избере понудувач.

„На јавната набавка, избрана е само една фирма-понудувач и тоа за набавка на третата лабораторија, лабораторија за криминалистичка регистрација и за идентификација, односно избрана е фирма за набавка на само една лабораторија, а не за набавка на три лаборатории. За првите две лаборатории, постапката е поништена поради повисока понудена цена. Оттука, апсолутно е неточен податокот дека се набавени три лаборатории, па затоа не е возможно да исчезне нешто што и не постои, односно не е набавено“, стои во соопштението од МОН.

Од министерството наведуваат дека на огласот објавен на Бирото за јавни набавки, во согласност со законските одредби за водење постапки за јавни набавки, наведен е оглас за избор на понудувач и склучен договор со понудувачот за набавката на една лабораторија, бидејќи во согласност со правилата на БЈН, се објавува и договорот со понудувачот.

„Од табелата јасно се гледа дека целата набавка се однесува на три лаборатории („За целиот предмет на набавка“), но дека е реализиран само дел од набавката, односно дека е набавена само една лабораторија, а не три лаборатории („Опис на делот за набавка“), и тоа само лабораторија за криминалистичка регистрација и за идентификација“, стои во соопштението.

Од МОН апелираат до политичките партии да не ја манипулираат јавноста и да изнесуваат невистини за добивање ситни политички поени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...