fbpx

Наместо ликвидација, битолската Зоолошка градина доби шанса за живот

-

Мечката, рисот, лавот, тигарот, лисицата, ракунот, мајмуните ќе добијат реконстрирани живеалишта во битолската Зоолошка градина. Нова фарма за домашни животни, нов влез и билетарница. Ова се дел од новите содржини што ќе бидат промовирани утре (сабота) на голема прослава во Битола.

Години наназад на Зоолошката градина во Битола ѝ се закануваш клуч на вратите, поради многу проблеми со несоодветните живеалишта, немањето канализација и уште ред други работи со кои секојдевно се соочуваа наделжните. Последните закани за затворање беа пред само три месеци, во септември, кога два волка ја прескокнаа заштитната оград и побегнаа од зоолошката. Тогаш Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ остро реагираше барајќи итно затворање на битолската Зоолошка градина и најстрога казна за одговорните лица. Според нив, оваа институција во ниту еден случај не ги задоволува стандардите за заштита и благосостојба на животните и сметаа дека освен што измачува животни, претставува континуирана закана и опасност по жителите на градот. Но, фактот што таа е единствена во овој регион помеѓу Скопје и Солун, успеа да прилече европски пари за да се обезбедат подобри услови за живот на нејзините станари, кои ги има околу 400 од најразлични видови.

– Ќе можеме да посведочиме за новите живеалишта на животните, исто така и за новата фарма која е еден исклучително за око убав објект, направен по урнек на традиционалната македонска селска куќа, каде што на горниот кат се живеело, а на долниот кат се чувала стоката. Сега горниот кат ќе може да се искористи и за едукативни работнилници. Претходно го изградивме и живеалиштето за нилскиот коњ. Значи, реконструиравме вкупно девет објекти или, да кажам, половина од сите живеалишта во зоолошката градина – вели Емилија Ѓероска, директор на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

Реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошката градина во Битола се одвиваше во рамките на проектот „Иновативни едукативни програми за засилување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија- Лерин – ЗОО иноватива“.

Ѓероска вели дека без оглед на политичките релации меѓу Грција и Македонија, овој проект е професионално сработен и кај двете страни.

– Сите активности што се случуваа кај нас, се емитуваат и во Лерин. Покажавме дека кога ќе се сретнат луѓе кои го зборуваат јазикот на професионалците, тоа беа билозите од Лерин и од Битола, не им е тешко да се посветат на работата. Тоа е и суштината на програмата за погранична соработка, да понудат решенија за секојдневните проблеми на двете страни и да покажат дека немаат допир со високата политика – рече Ѓероска.

Во Лерин ќе биде отворена, односно возобновена тамошната зоолошката градина, но, за разлика од битолската, во неа ќе бидат претставени само автохтони животни.

Проектот за реконструкцијата на зоолошката градина во Битола и другите придружни проeкти тежат повеќе од 700.000 евра, од вкупниот грант од 1,2 милион евра. Финансиите се поддршка од делегацијата на Европска Унија и од Министерството за локална самоуправа, во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...