fbpx

МЦЕО: Граѓаните се плашат дека власта ги прислушува

-

Мнозинството граѓани во Македонија (57,7 отсто) веруваат дека власта има податоци за гласањето, 29,2 отсто не веруваат во тоа, а 13,1 отсто ниту веруваат, ниту не веруваат. Ова го покажува анекетата на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) која го третираше прашањето за наводно постоење атмосфера на страв во Македонија.
Анкетата била составена од два типа прашања, директни прашања за стравот на граѓаните и за личните ставови и индиректни со кои се истражува колку луѓето им веруваат на најчестите теории на заговор.

На прашањето дали македонските граѓани слободно го кажуваат своето мислње, 53 отсто сметаат дека не го кажуваат. Најголемата причината за тоа 81,3 отсто од граѓаните ја гледаат во стравот од последиците врз нив и врз нивното семејство. Дека ништо нема да се промени ако се изразуваат слободно, сметаат 5,1 отсто. За 3,8 отсто од анкетираните одговор бил дека го жртвуваат слободното изразување за добивка и дека никогаш не сме имале култура на слободно изразување.

Од анкетираните 76,5 отсто одговориле дека се чуствуваат слободни да го кажат спопственото мислење, додека 21,7 отсто не се чувствуваат слободни.

– Перцепцијата за постоење страв има позитивна корелација со тоа колку човекот е пообразован. Речиси две третини од луѓето со високо образование сметаат дека луѓето не го кажуваат своето мислење, додека тој процент е само една третина од луѓето со основно образование – вели Љупчо Петковски од МЦЕО.

Дека тајните служби во Македонија ги прислушуваат комуникациите на луѓето што ги сметаат за противници, веруваат 63,6 отсто од граѓаните, додека 16,3 отсто не веруваат дека тајните служби ги прислушуваат противниците, а 20,1 отсто ниту веруваат, ниту не веруваат во тоа.

Голем дел од македонските граѓани, односно 73,4 отсто, веруваат дека спонтани протести не постојат, туку дека тие секогаш се потикнати и организирани од центрите на моќ . Само 12,7 отсто не веруваат во ова тврдење, додека 13,9 отсто ниту веруваат, ниту не веруваат.

– Луѓето сметаат дека не постои спонтан протест и дека не можеш да се побуниш доколку некој не те поведе да се побуниш. Диригиран си, луѓето што излегуваат се диригирани и ова е една од причините што ги одвраќа луѓето да се бунат и да протестираат – вели Петковски.

Анкетата била спроведена телефонски од агенцијата „Реактор“, во период од 25 февруари до 19 март годинава, на репрезентативен примерок од 1.194 испитаници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...