fbpx

Груевски: Современата жена мора да е успешна и во кариерата и во семејството

-

Современата жена на денешното време има повеќе предизвици, пркоси и се бори на секое поле, професионално и приватно, рече премиерот Никола Груевски во своето излагање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа под мотото „Дел од новото време, дел од нашето движење“.

– Современата жена треба да биде активна и успешна на работното место, во градењето на кариерата, но и посветена и успешна и во кругот на своето семејство – рече Груевски.

Премиерот Груевски истакна дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, презема мерки за намалување и за справување со предизвиците, притоа потсетувајќи на зголемувањето на порастот во економијата, инвестициите во инфраструктурата. Тој во своето изложување ја најави новата американска инвестиција вредна 18 милиони евра, која ќе овозможи 400 нови вработувања. Договорот со амеериканската компанија за инфлатори за воздушни перничиња треба да биде потпишан кон средината на месецот.

На годишната конференција, свое изложување имаше и претседателката Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, која оцени дека во изминатите години се направени значајни чекори за подобрување на општествената улога на жената, притоа истакнувајќи ја и улогата на жената како мајка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...