fbpx

Пендаровски го повика народот да им се придружи на студентите

-

Претседателскиот кандидат на СДСМ од последните претседателски избори, кои се одржаа годинава, Стево Пендаровски, на синоќешната трибината на СДСМ во Прилеп им даде поддршка на студентите и ги повика граѓаните да им се придружат.

– 10 декември е денот на човековите права. Во Скопје е закажан голем протест на „Студентски пленум“ на студентите кои ќе излезат вторпат да ги бараат своите права. Би ве замолил сите, немојте да се посрамиме како луѓе, не како опозиција, и да не им дадеме случајно поддршка – рече Пендаровски, додавајќи дека студентите ја пробудија совеста во Македонија.

Според Пендаровски, битката на слободна и европска Македонија мора да се води заедно и сложно.

– Или ќе бидеме заедно или, ако не бидеме заедно, да знаете дека заедно ќе пропаднеме, како држава, не како поединци. Таа опасност не е за потценување – рече Пендаровски, притоа потсетувајќи дека и специјалниот известувач на ЕУ за Македонија, Ричард Ховит, во емитувано интервју изразил стравување да не се повтори 2001 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...