Владата усвои предлог за нов државен грб

-

Црвен разгневен лав во златно-жолт штит и мурална круна во форма на тврдина во горниот дел, е предлогот за нов државен грб, што попладнево го усвоила Владата и кој наскоро треба да оди на главна расправа во Собранието, објави телевизија „Алфа“, повикувајќи се на свои извори.

Како што објави телевизијата, причините што се образложени во предлогот за нов државен грб, се дека станува збор за враќање кон историските симболи и дека во моментот Македонија и Белорусија биле единствените земји во Европа што имаат државен грб инспириран од советската хералдика.

Новиот дизајн на црвениот лав бил базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 година и грбовникот на Бароад од 1581 година, кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и на Жерафовиќ во 1741 година станал земски грб на Македонија.

Златно-жолтата круна која е украсена со бисери и со рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.

Новиот грб со лав на него, не ги претставува само Македонците, туку во минатото лавот на сите свои грбови го користеле и албанските феудалци, така што новиот грб треба да биде обединувачки, објавува „Алфа“.

Во цитат на дел од предлогот, што, според телевизијата, попладнево го усвоила Владата, стои дека „со донесување на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји, како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба, по ниту една основа во себе туку, напротив, создава единство на сите што живеат на овие простори“.

За да се промени симболот, потребна е измена на Уставот, односно двотретинско и Бадентерово мнозинство, кое, според извори, на телевизијата, веќе било договорено меѓу коалициските партнери.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...