fbpx

Хералдичарите го поздравуваат предлогот за нов грб на Македонија

-

Предлогот за нов грб на Македонија, кој Владата вчера го усвои, од хералдичка гледна точка е сосема издржан, смета Јован Јоновски, претседателот на македонското здружение „Хералдика“.

– Се работи за предлог кој произлегува од вековната европска хералдичка традиција, во која доминантен грб за земјата Македонија или, пак, нејзините кралеви е токму црвен лав на жолто-златно поле. Ваков грб среќаваме во илустрациите на Вилем Верланд 1481 и грбовниците на Жером де Бара 1581, како и кај јужнословенските стематографии на Витезовиќ 1694 и на Жефаровиќ 1741, изјави Јоновски за „Мета“.

Според Јоновски, новиот предлог-грб не би требало да предизвика негативни реакции на соседните земји на Македонија, бидејќи „ниедна соседна земја не користи ниту, пак, некогаш користела грб со ваква распределба на елементи и на бои, односно црвен разгневен лав на златно-жолто поле“.

– Најголем дел од балканските земји, како основен извор за грбот на нивните земји го сметаат делото „Стематографија“ на Х. Жефаровиќ од 1741. Во ова дело македонскиот грб е црвен лав на златно поле, што значи дека нема простор за негодување кај соседите – вели Јоновски.

Некогашниот грб на градот Драч, кој потекнува од печат од 1873 година
Некогашниот грб на градот Драч, кој потекнува од печат од 1873 година

Лавот како симбол е застапен во многу грбови во светот. Според хералдичарите кои ги контактираше „Мета“, сличен ваков грб, но без круна, низ историјата се користел и во Албанија.

Во книгата „Хералдика шкиптаре“ на авторот Ѓин Варфи, издадена во 2000 година, е претставен грб каков што денеска се предлага. Станува збор за некогашниот грб на градот Драч, кој потекнува од печат од 1873 година.

Во предлог-грбот, златно-жолтата круна, која е во форма на тврдина и е украсена со бисери и со рубини, го симболизира републиканското уредување на државата.

Македонија од осамостојувањето досега не донесе нов грб. Во 2009 година направи мала измена на грбот од 1946 година, со што беше отстранета петокраката, кој потекнува од социјалистичкиот период од СФР Југославија.

Новиот педолог-грб, веќе е прифатен и од коалициониот партнер ДУИ, особено зашто во минатото и албанските феудалци го користеле лавот во своите грбови.

Предлогот за нов грб на Македонија, наскоро ќе се најде пред пратениците во Собранието, но за да се промени симболот, потребна е измена на Уставот, односно двотретинско и Бадентерово мнозинство од 82 глас, кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно го имаат во парламентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...