fbpx
Македонија Страница 1945

Македонија

Битолските наставници се подготвуваат за протестен марш

Просветните работници од Битола, членови и поддржувачи на штрајкот на СОНК, се подготвуваат за протестниот марш в среда, во 13 часот, најавува регионалниот претседател на СОНК, Фанче Јошевска. Наставниците прво ќе се соберат пред вратите на Државниот просветен инспекторат во Битола, лоциран во средношколскиот...

СОНК на протест во петок

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) в среда и в петок ќе излезе на протести. На вчерашната седница на советот, СОНК одлучи во петок да се излезе на генерален протест на централно ниво, на кој ќе бидат повикани да се придружат сите граѓани, асоцијации, здруженија, пленуми,...

Луда Мара го поплави Кавадарци

Рекатa Луда Мара, по обилните врнежи од дожд од 62 литри на едн квадратен метар во горниот тек од нејзиното сливно подрачје на Витачево, се излеа во кавадаречкото поле. Поплавен е кејот во централното градско подрачје на Кавадарци, особено од десната страна на текот,...

Струшко Мислешево како мала Венеција

Обилните врнежи од дожд и од снег што деновиве ја погодија Република Македонија, предизвикаа поплави и во регионот на Охрид и на Струга. Порталот „Охрид прес“ објави фотографии кои за струшкото село Мислешево одаваат впечаток на мала Венеција. Делови од селото се околу 50 сантиметри под вода....

„Лице в лице“ ја одбележува Неделата на продавачи на уличен печат

Продавачите на единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“, ќе бидат во фокусот на третото одбележување на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат која се одржува од 2 до 8 февруари во повеќе земји низ светот. Станува збор за годишен настан кој се...

Повеќе од 1.000 хектари поплавени во Пелагонија

Повеќе од 1.000 хектари плодно земјиште денеска е под вода во пелагониската општина Новаци, откако нивото на Црна Река во овој дел утрово достигна неверојатни 4,84 метри. Ноќеска Општина Новаци мораше да интервенира на неколку критични места од мостот на Црна, кај манастирот „Пресвета...

Насипите во Штипско издржаа

Црните сценарија го одминаа Штип и покрај прелевањето на акумулацијата Калиманци, поплави немаше. Реката Брегалница го достигна своето максимално ниво синоќа, по 20 часот, меѓутоа насипите кај критичните точки издржаа. Екипи на кризниот штаб до доцна во ноќта останаа кај Ново Село, каде пролетта...

Дејан Паноски: Деструктивни елементи го уништуваат остатокот од Студенчишко блато

Денешниот ден, 2 февруари, со одлука на Меѓународната конференција во Рамсар од 1971 година, е прогласен за Меѓународен ден на водните живеалишта (мочуришни предели, блата) кои добија значење, важност и утврдена вредност. Оваа 2015 година мотото на овој ден е „Мочуриштата за наша иднина“. -...

Наставниците од „Орце Николов“ со повик до колегите да се приклучат на штрајкот

Штрајкувачкиот одбор при скопската гимназија „Орце Николов“, преку отворено писмо, им се обрати на своите колеги наставници кои не штрајкуваат, а во кое, меѓу другото, наведуваат дека со ваквото нивно однесување само го потврдуваат општоприфатеното мислење дека да бидеш просветен работник е бедна професија,...

Попладне ќе врне снег

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со повремени врнежи, претежно од снег со послаб интензитет, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од -2 до 7 Целзисуови степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви...

Наставниците од охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ сепак на штрајк

Штрајкот во охридското средно училиште „Свети Климент Охридски“ е почнат и се реализира со големо мнозинство на вработните, информираше утринава Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор и овластен за комуникација со медиумите. Николески, кој е и заменик-престедател на синдикалната организација при училиштето, повтори дека одлука...

Пола Македонија под вода, најнов извештај на ДЗС

Според последниот извештај на Дирекцијата за заштита и спасување, состојбата со поплавите во  Македонија е следна: Кочани: Нивото на реките e зголеменo и поплавено е земјоделско земјиште. Дотeкот на вода во браната Калиманци е 150 кубни метри, а испустот на вода е 50 кубни метри, со што е почнато излевање на браната...

СОНК продолжува со штрајкот

Протестен марш в среда, во сите поголеми градови во земјава и можен јавен протест в петок, најави Јаким Неделков, претседател на СОНК, објави „Телма“. Како што вели Неделков, тие ќе продолжат да штрајкуваат и ќе се соберат на протестен марш в среда, а ако ресорните...

Горан Милевски, нов претседател на ЛДП

Горан Милевски од денеска ќе биде претседател на Либерално-демократската партија. Тој беше избран на шестото собрание на партијата, кое се одржа денеска. На состанокот се усвои нов статут, резолуции за поддршка на мали и на микробизниси, а се реизбра и генералниот секретар, Дуфе Кукоски. За политиката...

Цело Кичево нема струја

Во Кичево целиот град е без напојување со електрична енергија. Причинети се повеќекратни дефекти во високонапонската мрежа. - Од она што го видов на терен и од разговорите со раководните луѓе на ЕВН и на МЕПСО, можам да кажам дека во моментот се презема сè...

Демократскиот сојуз бара транспарентност во случајот „Пуч“

Демократскиот сојуз бара на случајот „Пуч“, МВР, Јавното обвинителство и судот да работат јавно и транспарентно и да ги објават сите релевантни докази и факти врз кои се темели судската постапка против обвинетите, меѓу кои е и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Се работи за...

Вонредна состојба поради поплавите во источна Македонија

Браната Калиманци почна да прелива и по неконтролираното истекување на водата, во опасност се населените места по текот на реката Брегалница. Од браната има дотек на вода од околу 280 кубни метри во секунда и според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сета...

Протест против загадувањето на Скопје

Стотина главно млади луѓе излегоа на денешниот марш против загадувањето на воздухот во центарот на Скопје, во организација на невладината „Гоу грин“, пишува „Радио Слободна Европа“. Демонстрантите, кои носеа гас-маски, за симболично да покажат дека во Скопје тешко се дише, извикуваа „Биди зелен“, „Кој...

Руската амбасада повикува на темелна истрага во случајот „Пуч“

Руската амбасада реагира на акцијата „Пуч“. Од амбасадата велат дека очекуваат темелна истрага во интерес на безбедноста во Македонија. „Очекуваме дека овој настан ќе биде предмет на темелна истрага во интерес на стабилноста и на безбедноста во Македонија. Ги повикуваме сите политички сили во земјата...

Се очекуваат нови поплави во Штип

Се очекува големо надоаѓање на реката Брегалница во Штип и да бидат поплавени три населби - 8 Ноември, Чардаклија и Ново Село. Загрижувачка е и состојбата со браната Калиманци, каде во моментов се излеваат 50 кубни метри вода во секунда. Во моментов во Штип заседава државниот...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...