fbpx

Луда Мара го поплави Кавадарци

-

Рекатa Луда Мара, по обилните врнежи од дожд од 62 литри на едн квадратен метар во горниот тек од нејзиното сливно подрачје на Витачево, се излеа во кавадаречкото поле. Поплавен е кејот во централното градско подрачје на Кавадарци, особено од десната страна на текот, каде клупите и шеталишптето беа под вода. Реката Луда Мара беше излеана под селото Глишиќ и Марена, каде се поплавени земјоделски површини на жителите од селото. Водата стигнала до сточарска фарма во селото Сопот и до блискиот трансформатор, кои, сепак, не беа поплавени.

Комуналните инспектори вчера и денеска се на терен, како и екипи од локалната самоуправа. Обиколка на теренот од селото Ваташа до селото Марена по текот на реката направија и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, и пратеничката Весна Пемова.

Кавадарчани паметат уште поголеми води во коритото на реката Луда Мара, која во далечната 1932 година ја однесе општинската зграда, а последното поголемо излевање реката го имаше 1973 година, кога постоеше опасност од кинење на браната на Моклишко Езеро, настаната од свлечиштетео на ридот Градот.

Генерална оценка е дека регулираното корито, особено во делот на новиот кеј, спаси многу семејства од поплавување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.