fbpx

Наставниците од охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ сепак на штрајк

-

Штрајкот во охридското средно училиште „Свети Климент Охридски“ е почнат и се реализира со големо мнозинство на вработните, информираше утринава Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор и овластен за комуникација со медиумите.

Николески, кој е и заменик-престедател на синдикалната организација при училиштето, повтори дека одлука за штрајк е донесена и за истото е доставено известување до директорот на училиштето.

Директорoт Зоран Трпески, претходно соопшти дека денеска нема да има штрајк во најголемото средно училиште во градот.

– До мене како директор на ОСУ „Св. Климент Охридски“ до овој момент не пристигнала ниту една лична изјава потпишана од барем еден професор вработен во оваа институција, која во согласност со законот е обврска во случај на евентуален штрајк – соопшти Трпески.

Него, пак, членовите на СОНК го обвинија дека со барањето лични изјави од вработените ја злоупотребува својата функција и се обидува да врши притисок.

– Противзаконско е работодавецот, во случајов директорот, да одлучува дали ќе има штрајк и да објавува дека ќе нема штрајк. Ова претставува груба повреда на правата од работен однос на вработените во училиштето. Само вработените одлучуваат дали ќе стапат во штрајк и повторно истакнуваме, тоа го направија на состанокот одржан на 30 јануари 2015 година – прецизираат синдикалците во своето денешно соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...