fbpx

Повеќе од 1.000 хектари поплавени во Пелагонија

-

Повеќе од 1.000 хектари плодно земјиште денеска е под вода во пелагониската општина Новаци, откако нивото на Црна Река во овој дел утрово достигна неверојатни 4,84 метри. Ноќеска Општина Новаци мораше да интервенира на неколку критични места од мостот на Црна, кај манастирот „Пресвета Богордица“, па сè до браната на РЕК Битола, од каде комбинатот се снабдува со вода во случај на пожари, потврдува градоначалникот на Новаци, Лазе Котевски. Исто така, одбрана од насипи и со тампонажа се поставува и кај најзагрозените куќи во селата Гнеотино, Долно и Горно Агларци, како и во селото Новаци.

– Водите на Црна надоаѓаат со сè поголем интензитет и веќе стана критично на брегот на реката, кај мостот пред селото Новаци, дотолку повеќе што опасноста беше голема и кај браната на РЕК Битола, од каде комбинатот црпи вода. Ноќеска се интервенираше со механизација, се ставаше тампонажа, се пополнуваше брегот на реката – вели градоначалникот на Новаци, Котевски.

Синоќа во оваа општина, на обиколка на теренот беше и министерот за земјоделство, Михаил Цветков, па Котевски вели дека веќе се договориле Владата да помогне во чистење на Црна со механизација, како спас од поплавите.

– Да се исчисти коритото на реката Црна во должина од 50 километри, во тоа Министерството за земјоделство и ние, како локална власт, го гледаме излезот од сè почестите поплави на плодните пелагониски ниви. Ќе ни испратат две машини, со кои ќе работат екипи од водостопанското претпријатие „Битолско поле“ – вели Котевски.

Исто така, Министерството и Општината се согласиле дека добро ќе биде на граѓаните да им се даде можност без надомест да ги сечат дрвјата, кои се пораснати по самиот тек на Црна Река.

– Вегетацијата на Црна, но и на другите помали реки, е голема и затоа решивме на мештаните да им дозволиме самите да ги сечат дрвјата бесплатно, само за да ни помигнат во чистењето на коритото. Сметаме дека без големите дрвја, протекот на Црна би бил поголем за дури 25 проценти. Во исто време, веќе имаме граѓани кои бараат да ја исчистат Елешка Река – вели Котевски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...