Наставниците од „Орце Николов“ со повик до колегите да се приклучат на штрајкот

-

Штрајкувачкиот одбор при скопската гимназија „Орце Николов“, преку отворено писмо, им се обрати на своите колеги наставници кои не штрајкуваат, а во кое, меѓу другото, наведуваат дека со ваквото нивно однесување само го потврдуваат општоприфатеното мислење дека да бидеш просветен работник е бедна професија, не само од материјален апсект, туку и од духовен.

„Не можеме да ја сфатиме инертноста на дел од просветните работници, нивното молчење кое значи согласување со казните од екстерното тестирање, со зголемениот обем на административни обврски, со секојдневните притисоци на просветните инспекции, со несфатливите парични казни (300, 600 евра…) и со многу други небулози со кои се соочуваат секојдневно. Колеги, каде сте? Се повлековте во вашите оклопчиња, во меурчиња од сапуница кои секој момент можат да пукнат. Зарем мислите дека со вашето молчење се заштитивте од казните, од деградацијата? Зарем не се чувствувате уште помизерно, знаејќи дека некој друг ги бие вашите битки? Зарем вие не треба да бидете пример за вашите ученици?“, стои во писмото.

На крајот на писмото, од штрајкувачкиот одбор при гиманзијата „Орце Николов“ изразуваат надеж дека свеста и совеста на просветните работници кои не излегоа на штрајк ќе проработи, дека ќе заборават на личните интереси и на вистински начин ќе го поддржат штрајкот.

„Да бидеш учител, наставник, професор е достоинствена професија, професија за почит. Ајде и на дело да покажеме дека е така!“, стои на крајот на писмото.

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс во својата колумна изјави дека инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што се приклучил...

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс во својата колумна изјави дека инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на...