fbpx

Обама: Не треба да се врши притисок врз Грција

-

Американскиот претседател Барак Обама, говорејќи за кризата во Грција, изјави дека не може да се продолжи со вршење притисок врз една земја, чија економија е во депресија.

– Не можеме да продолжиме да вршиме притисок на земја која е во депресија. Во еден момент е потребна стратегија за пораст за да може да се вратат долговите. Кога економијата е во слободен пад, потребна е стратегија за пораст, а не само поголем притисок врз народот кој сè повеќе страда – рече Обама во интервју за „Си-Ен-Ен“.

Обама призна дека на Грција ѝ се потребни „силни реформи“, но дека е „особено тешко да се покренат реформи, ако животниот стандард на луѓето опаднал за 25 отсто. Долгорочно, политичкиот систем и општеството не можат да издржат, рече Обама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...