fbpx

Насипите во Штипско издржаа

-

Црните сценарија го одминаа Штип и покрај прелевањето на акумулацијата Калиманци, поплави немаше. Реката Брегалница го достигна своето максимално ниво синоќа, по 20 часот, меѓутоа насипите кај критичните точки издржаа. Екипи на кризниот штаб до доцна во ноќта останаа кај Ново Село, каде пролетта во 2013 година надојдените води ги пополави ниските катови на новоселци. Таму, од петокот беа поставени неколку илјади вреќи песок, како бедем од водите на Брегалница.

Општината Штип најави мерки за трајно обезбедување на обиколницата во Ново Село и на неколку други критични точки, како што е и болницата за физикална терапија, од каде вечера итно беа евакуирани 20 пациенти.
Поплавени се бунарите од каде со вода за пиење се снабдува градот. Водата е матна и е забранета за пиење. Амбалажираната вода поскапи и пред секоја продавница може да се забележат десетици пакети со пакувана вода. Пред само неколку дена беше издадена забрана за пиење на водата од градскиот водовод. На ЈП „Исар“ му требаа пет дена за од Центарот за јавно здравје да добие дозвола за употреба на водата.

Поради одрони, во прекин е патот Кочани – Македонска Каменица. Во општината Кочани има неколку поплавени населени места. Според првичните информации, најпогодено е селото Прибачево. Кризниот штаб е на терен. Од Општината за подоцна најавија нови информации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...