fbpx
Македонија Страница 1938

Македонија

Јолевски: Македонија е докажан партнер во воспоставувањето на глобалниот мир

Македонија што поскоро треба да добие покана за полноправно членство во НАТО, со што значително ќе се влијае на зачувување на мирот, демократијата и на просперитетот во регионот на Југоисточна Европа и пошироко, порача министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на средбатa во Вашингтон со Саманта...

Да се искористи можноста за бесплатни елаборати за легализација

Владата апелира да се искористи можноста за бесплатна изработка на елаборати за легализација на дивоградбите, мерка што се однесува на корисниците на социјална и постојана парична помош и на лицата со ниски примања на ниво на домаќинства до 168.000 денари годишно. Што побргу ги поднесат...

Пешевски, Самак и Мизо на бизнис-форум во Њујорк

Економска делегација, предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во чиј состав се и министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, учествуваше на бизнис-форум во Њујорк, каде беа презентирани поволните услови за...

Вардар се излеа во Гевгелиско, сообраќајот во прекин

Реката Вардара се излеа во Гевгелиско. Сообраќајот на патниот правец Р1401, кај клучката Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевањето на водата на сообраќајницата.

Денеска постудено време со ветер

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, ветровито и студено. Во попладневните часови ќе има локални врнежи, претежно од снег со послаб интензитет. Утринската температура се движи од -4 до 3 Целзисуови степени, а дневната од нула до 8 Целзиусови степени.  

Преку телефон досега собрани повеќе од 700.000 денари помош за поплавените

Хуманитарна помош во поплавените подрачја во Битола, Прилеп, Штип, Кочани, Струмица, а вчера попладне и во Кичевско и во Гостиварско, дистрибуираше Црвениот крст на Република Македонија. Преку мобилните телефони од „Т-Мобиле“, „Оне“ и од „Вип“, 070/075/077 143 400, до денеска се собрани вкупно 4.683.500 денари,...

Поплави и во скопско Смиљковци

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, во текот на изминатата ноќ и денеска извршија увид во село Смиљковци, каде по вчерашните обилни врнежи од дожд се поплавија подрумски простории, како и земјоделско земјиште. Смиљковско Езеро, кое...

Груевски во посета на настраданите во Новаци

Премиерот Никола Груевски ги посети поплавените подрачја во општина Новаци и оствари средби со граѓаните. Во текот на денешниот ден, премиерот ќе ги посети и поплавените места во Могила. Груевски одржа состанок со локалниот кризен штаб во Општина Новаци, на кој присуствуваа градоначалниците на општина...

Водата во Неготино може да се пие

Препораката за превривање на водата за пиење во Неготино е укината и таа може да се пие, изјави директорката на јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино, Наташа Лазова. Таа посочи дека обилните врнежи од дожд на подрачјето на Тиквешијата изминативе денови придонеле за заматување на водата за...

Се излеа Вардар во Велес

На неколку критични места во Велес, денеска се излеа Вардар, а според Регионалниот центар за справување со кризи, поплавено е во Бавчите кај мостот на Вардар кај Башино Село, во областа Шорка на влезот во градот, во Градскиот парк и месноста Бентот на Вардар...

Три реки се споија и однесоа мост кај Свети Николе

Водите од три реки се споија и го урнаа мостот на Светиниколска Река, кој ја поврзува населбата Ливадиште со Свети Николе. По уривањето на мостот, се создало свлечилиште, што се урнисало врз една куќа и ја поплавило. Дел од жителите од населбата превентивно ги...

ЛДП му даде поддршка на Заев да ги објави „бомбите“

Целосна поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да го објави материјалот за наводно криминално работење на власта, му даде Либерално-демократската партија. - Централниот одбор едногласно донесе одлука да се даде поддршка на Заев да се почне со објавувањето на материјалите што ги поседува, со кои ќе...

СВР Охрид се вклучи во акцијата за помош на поплавените подрачја

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи од Охрид и Граничната полиција - Регионален центар Запад, се вклучија во акцијата за собирање помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија. Полициските и другите службеници од полициските станици во...

„Професорски пленум“: Ќе се вклучиме во работата за подготвување нови законски решенија

„Професорски пленум“ беше дел од делегацијата која на барање на ректорот на УКИМ оствари средба со премиерот Груевски и со неговиот тим. Во долгата дебата, претставниците на професорскиот пленум, заедно со колегите и со студентите, ги афирмираа клучните забелешки и аргументи за неприменливоста на...

Груевски и министрите во посета на поплавените подрачја

Владините функционери се во посета на поплавените подрачја низ Македонија. Премиерот Груевски и министерот Миле Јанакиески денеска се во посета на Битолско, во Новаци и во Могила. Поплавеното подрачје во кумановското село Доброшане денеска ќе го посети министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Министерот за труд и...

Се расчистува одронот на Средно Водно

По обилните врнежи од дожд што вчера ја зафатија Република Македонија, предизвикан е одрон на патот за Средно Водно, во близина на паркиралиштето на Средно Водно. На оваа локација испратени се екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ за расчистување на одронот. Екипи на Штабот за заштита и...

Исчезнало момче од Велешта

Во полициската станица во Струга, утринава Б.К.(50) од село Велешта, пријави дека на 30 јануари 2015 година, од својот дом во непознат правец се оддалечил неговиот син У.К. (27). СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Црна се скротува, ситуацијата во Пелагонија се стабилизира

Реката Црна се скротува, а нивото на водата во речното корито денска е спуштено за повеќе од осумдесетина сантиметри и изнесува 3,98 метри, потврдуваат пелагониските власти. Но, во општина Могила, каде се поплавени дури четири села, ставуваат од наглото топење на снегот во Демир...

По дождот синоќа, се спасуваше кејот на Вардар

Обилните врнежи од дожд кои вчера ја зафатија Република Македонија, предизвикаа зголемување на водостојот на реката Лепенец, а со тоа се зголеми и нивото на реката Вардар. Поради ова, вчеравечер екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираа на најниските точки на реката...

Струга: Граѓаните да донираат помош преку телефонските броеви на Црвениот крст

Адуриме Даути, секретар на општинската организација на Црвениот крст во Струга, упати апел до граѓаните кои сакаат да помогнат за настраданото население во поплавите во Македонија, тоа да го прават со парични средства преку телефонските броеви на Црвениот крст на Македонија. Даути појаснува дека е...