fbpx

Пешевски, Самак и Мизо на бизнис-форум во Њујорк

-

Економска делегација, предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во чиј состав се и министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, учествуваше на бизнис-форум во Њујорк, каде беа презентирани поволните услови за водење бизнис во Република Македонија.

За време на форумот, организиран во соработка со магазинот „Форбс“, вицепремиерот Пешевски ги истакна поволностите за водење бизнис, посочувајќи ја поволната деловна клима во земјата, притоа осврнувајќи се кон придобивките за странските компании, како што се најнискиот даночен пакет во Европа и стабилното макроекономско опкружување.

Тој воедно се осврна и на владините заложби за зајакнување на потенцијалите за инвестиции, како и на тековните реформи во државните институции, образованието и во инфраструктурата во насока на унапредување на условите за водење бизнис и за обезбедување поголем развој на македонската економија.

Организирањето бизнис-форум во Њујорк, кој е еден од главните економски центри во светот, според Пешевски, е од особено значење за привлекување нови странски инвеститори во нашата земја, доколку се земе предвид дека американските компании имаат голем потенцијал за ширење на своето производство, а некои од нив веќе и инвестираа кај нас.

На форумот говореа и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...