fbpx
Македонија Страница 1937

Македонија

Македонија и Бугарија ја унапредуваат соработката во здравството

Во претстојниот период да се потпише план за унапредување на соработка меѓу министерствата за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, со посебен фокус на едукации, стручно усовршување и на специјализации на македонските доктори. Ова денеска на средба во Софија, го договорија министрите за...

Повеќе од 15.000 пензионери досега се пријавиле за бесплатен викенд и за бања

Рокот за пријавување за бесплатен туристички викенд и за климатско-бањска рекреација истекува в понеделник. Интересот за користењето на овие услоги е голем. Досега имаат аплицирано 15.260 пензионери, информира денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на аудиокниги...

„Т-Мобиле“: Не сме ја нарушиле приватноста на корисниците

Три дена откако новинската агенција „Мета“ побара одговор од „Т-Мобиле“ на прашањето како реагираат на изјавата на лидерот на СДСМ дека без мобилните оператори практично би било невозможно да се прислушува и по објавувањето на текстот „Апсурд: Законски е да се прислушува преку мобилните...

Хелсиншки комитет ќе бара Тодоров кривично да се гони

Од Хелсиншки комитет не отстапуваат од намерата да поднесат кривични пријави против директорите и против членовите на Управниот одбор на Фондот за здравство, за несовесно работење во службата, а доколку се согласи семејството на Тамара, ќе бараат кривично да се гони и министерот за...

Кучињата и лавовите се први соседи во Битола

Фотографии од битолската зоолошка градина на која се гледаат кучиња затворени во кафези, а веднаш до нив мрши и коски од умрени животи, достави денеска Здружението за заштита на животни „Анима мунди“. Од здружението велат дека зоолошката градина во еден од најубавите градови во...

Три случаи на туларемија во Скопје

Три лица од Скопје се заболени со заразната болест туларемија во последните две недели. Не е докажано дека постои епидемилошка врска меѓу лицата. Симптомите кај првиот случај почнале во средината на декември минатата година, а во другите два случаи симптомите се појавиле пред два...

Нови 40 наслови на аудиокниги за слепи лица

Нови 40 наслови на аудиокниги наменети за слепи и за лица со оштетен вид беа промовирани денеска во рамки на проектот „400 аудиокниги за лица со оштетен вид“. Новите аудиокниги се лектирни изданија, односно лектири од основното и од средното образование. - Слепите и слабовидните...

Иванов ги прими акредитивите од новиот амбасадор на САД

Претседателот Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли. На свечената церемонија, претседателот Иванов на амбасадорот Бејли му посака успешно извршување на дипломатските должности во земјата, истакнувајќи дека Република Македонија во континуитет придава исклучителна важност на развојот и...

Град Скопје ќе даде три милиони денари помош за поплавените

Советот на Град Скопје денеска одржа вонредна седница на која донесе одлука за давање помош на настраданите од поплавите во Република Македонија. Со оваа одлука, Градот Скопје, како израз на солидарноста спрема настраданите од поплавите во Република Македонија, ќе даде парична помош во износ од...

Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Македонија

Во посета на Македонија е делегација на германскиот Бундестаг. Претставници на парламентарната група на германското Собрание за соработка со Југоисточна Европа, ќе се сретнат со собранискиот спикер Трајко Вељаноски. Ќе остварат средба и со Антонио Милошоски, претседател на пратеничката група за соработка со Парламентот на...

СДСМ: Зошто е воведено ново тело за дисциплинирање судии

Никола Груевски параноично се обидува да се штити од сите страни, велат од СДСМ. Еден од последните негови чекори, според партијата, е вчера донесениот закон со којшто е воведен неуставен орган „Совет за утврдување на факти и покренување постапка за одговорност на судии“. - Според Уставот...

„Студентски пленум“ го зазеде и Машински факултет

Студентите од Техничките факултети во холот на Машински факултет прогласија автономна и ги повикаа сите студенти да ја бојкотираат формалната настава и да им се придружат. - Денес се бориме за она што уставно му припаѓа на универзитетот, а тоа е неговата автономија. Тука сме...

Утре средба Коѕиас – Ангелов

Македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, утре ќе се сретне со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас. Ангелов е еден од првите амбасадори со кои се среќава Коѕиас по преземањето на функцијата од претходниот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос. Средбата Ангелов-Коѕиас ќе биде...

Студентите заспаа со музика, се разбудија со професорите

Првата ноќ на студентите во прогласената автономна зона на Филозофски факултет помина мирно и во креативна атмосфера, исполнета со позитивна енергија. Кога ги посетивме утрово да видиме како им поминала ноќта, нè пречекаа со кафе и со сендвичи. Засега не им се потребни донации...

Апсурд: Законски е да се прислушува преку мобилните оператори!

Државата, со Законот за комуникации, а преку операторите, создаде можност за нелегално прислушување, тврди универзитетскиот професорор по безбедност и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, Владимир Пивоваров. Според него, оваа можност произлегува од член од Законот кој вели: „Операторите се должни да ги обезбедат техничките услови...

МАНУ: Прислушувањето е тежок удар врз слободите и врз правата на граѓаните

Македонската академија на науките и на уметностите (МАНУ) излезе со реакција за прислушувањето. Во соопштението пишува дека иако во недостиг на изворни информации, МАНУ го оценува чинот на прислушување како тежок удар врз слободите и врз правата на граѓаните, особено врз нивното право на...

МОН: Наскоро работна средба за нов закон за високо образование

Дискусијата за нов закон за високо образование на ниво на работни групи со сите засегнати страни ќе се случи во следните неколку денови, велат од Министерството за образование и наука. Сенатот на УКИМ треба да номинира претставници на академската заедница, на професорите и на...

Охрид: Вечер на виртуозите Дамјан Пејчиноски и Емир Хот

Претстојниот викенд, во Охрид ќе гостува популарниот рокер и метал-гитарист од Босна и Херцеговина, Емир Хот, кој ќе настапи заедно со охриѓанецот Дамјан Пејчиноски. Големиот музички настан е закажан за недела навечер, во клубот „Џез ин“ во Охрид. Публиката ќе може да ги види и...

ОБСЕ во охридскиот разгранок на СДСМ

Претставници од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Охрид оствариле средба со општинското раководство на СДСМ, соопшти нивната прес-служба. Делегацијата од ОБСЕ ја предводел Давид Луф, надзорен службеник во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, при што гостите биле запознаени со тековните активности и...

Надзор на буџетската транспарентност на Струга, Охрид, Центар Жупа, Дебрца, Дебар и на Вевчани

Во Струга утре ќе бидат презентирани наодите од квартален надзор на буџетската транспарентност на општините Струга, Охрид, Центар Жупа, Дебрца, Дебар и Вевчани. Со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, надгледувањето го вршат Центарот за економски анализи (ЦЕА) и ФОРУМ – Центар за стратегиски...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...