fbpx

МОН: Наскоро работна средба за нов закон за високо образование

-

Дискусијата за нов закон за високо образование на ниво на работни групи со сите засегнати страни ќе се случи во следните неколку денови, велат од Министерството за образование и наука. Сенатот на УКИМ треба да номинира претставници на академската заедница, на професорите и на студентите, кои ќе учествуваат во целосното заокружување на процесот и во реализација на договорот од иницијалната средба со Владата.

„Во согласност со постигнатиот договор од одржаната иницијална средба на 6 февруари помеѓу претставниците на Владата и универзитетскиот Сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, до Собранието на Република Македонија беше доставен предлог-законот за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование за една година, односно дел од нив и за две години, како и едногодишно, односно двегодишно одложување на примената на одредбите од Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно, основно и средно образование. Предлогот беше усвоен на вчерашната седница на Собранието. Во меѓувреме, дијалогот на релација Влада – универзитети, во согласност со искажаната волја и конструктивност, а во насока на подобрување на пакетот реформи во високото образование, односно носење нов закон за високо образование, ќе продолжи преку дискусија на ниво на работни групи, кои ќе ги предложат двете страни“, пишува во соопштението на МОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...