fbpx

Нови 40 наслови на аудиокниги за слепи лица

-

Нови 40 наслови на аудиокниги наменети за слепи и за лица со оштетен вид беа промовирани денеска во рамки на проектот „400 аудиокниги за лица со оштетен вид“. Новите аудиокниги се лектирни изданија, односно лектири од основното и од средното образование.

– Слепите и слабовидните лица и деца ги имаат истите потреби како и лицата кои гледаат, ги поседуваат истите вештини и можат да дадат многу во сите текови на општествениот живот. Како ресорен министер, не само што чувствувам должност, туку ми е чест да ги поддржувам во сите нивни настојувања. Со Националниот сојуз имаме интензивна комуникација и соработка од која произлегуваат бројни иницијативи и проекти – рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на промоцијата на аудиокнигите.

Овој проект, додаде, беше инициран од големата потреба за оформување фонд на аудиокниги.

– Се предвидува снимање аудиокниги секоја година, од различен жанр, како белетристика, детски лектири, стручна литература, којa ќе послужи за едукација во училиштата, но и надвор од нив. Морам да споменам дека истите се изработувани по највисоки стандарди во читањето и во изговорот, а изборот на литературата е правен во консултации со Националниот сојуз на слепи лица и со Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – рече Спасов.

Тој истакна дека досега на располагање се ставени 40 наслови на аудиозаписи во септември минатата година, кои Македонското радио – Радио Скопје ги отстапи за потребите на слепите лица.

– Со овие нови 40 наслови, или вкупно 80 во изминативе шест месеци, дополнително го зголемуваме фондот на аудиокниги – рече министерот.

До крајот на март ќе бидат снимени уште 60 книги, а во март ќе биде распишана јавна набавка за снимање на уште 200 книги.

Спасов информираше дека промовираните наслови ќе бидат достапни во НУБ „Св.Климент Охридски“ во Скопје, во Одделението за слепи и за слабовидни лица. Аудиокнигите ќе бидат достапни и во државното училиште за рехабилитација на деца и на младинци со оштетен вид и во Националниот сојуз на слепи лица.

Претседателот на Сојузот на слепи лица, Жарко Селковски, изразувајќи благодарност до МТСП и до Владата, истакна дека тие имаат огромно разбирање за потребите на слепите и на слабовидни лица и додаде дека овој проект за аудиокниги е од особено значење за слепите кои, како што рече, литературно ќе можат да се надградуваат и да се образуваат на македонски јазик. Селковски изрази уверување дека планираните 400 книги кои треба се објават годинава ќе бидат достапни за сите членови, без разлика каде се наоѓаат.

Директорот на училиштето „Димитар Влахов“, Горанчо Јакимов, појасни дека денеска промовираните аудиокниги се лектирни изданија кои се наменети за учениците.

– Опфатени се лектири од основното и од средното образование, така што на одреден начин се руши уште една бариера која ја имаа учениците со оштетен вид. Од денеска нашата училишна библиотека се збогатува и овие изданија ќе им бидат достапни на сите наши ученици -рече Јакимов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...