fbpx

Три случаи на туларемија во Скопје

-

Три лица од Скопје се заболени со заразната болест туларемија во последните две недели. Не е докажано дека постои епидемилошка врска меѓу лицата. Симптомите кај првиот случај почнале во средината на декември минатата година, а во другите два случаи симптомите се појавиле пред два месеци. Заболените лица се на возраст од 24, 26 и од 72 години.

Косовскиот институт за јавно здравје прогласи епидемија на туларемија на територијата на Косово. Нашите епидемиолози велат дека засега во Македонија нема опасност од ширење на болеста.

Според податоците на Институтот за епидемилошки истражувања, заболените лица или имале контакт со глодачи или забележале зголемено присуство на глувци во нивната непосредна околина на живеење.

Туларемијата е акутна инфективна болест од која заболуваат и луѓе и животни, а е предизвикана од бактерија. Ова заболување припаѓа на групата природножаришни инфекции. Симптомите кај заболените се зголемена температура, треска, потење, интензивни главоболки, болки во целото тело и општа слабост. Болеста трае помеѓу две и четири недели.

За човекот да може да се зарази од туларемија, доволен е директен контакт на кожата или на слузницата со ткива или со крв на заразени животни при дерење, сечење месо, подготвување јадења или само допир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...