fbpx

Хелсиншки комитет ќе бара Тодоров кривично да се гони

-

Од Хелсиншки комитет не отстапуваат од намерата да поднесат кривични пријави против директорите и против членовите на Управниот одбор на Фондот за здравство, за несовесно работење во службата, а доколку се согласи семејството на Тамара, ќе бараат кривично да се гони и министерот за здравство.

– Во конзилијарното мислење за Тамара Димовска, имало назнака „итност“ на документите од Клиниката за ортопедија, спротивно на тврдењето од Фондот за здравство, од каде пред три дена рекоа дека случајот не бил третиран како итен – изјави на прес-конференција Уранија Пировска, претседателка на  Хелсиншки комитет.

Во документите, се гледа предлогот на лекарите од ортопедија девојчето да се упати на лекување во странство, поради неможност за таква интервенција во земјава. Од Хелсиншки комитет за човекови права велат ова е уште еден доказ дека институциите сакаат да избегнат одговорност за смртта на деветгодишната Тамара.

Тамара почина во понеделникот додека чекаше институциите да ги завршат административните процедури за таа да може да замине на операција во странство.

По неколкудневно известување од медиумите за случајот на Тамара и за другите кои чекаат одобрување од ФЗО, вчера Фондот попушти под притисокот од јавноста и одобри пари за две девојчиња кои со месеци чекале одговор.

Мартина Стојковска ќе оди на операција во Турција. Нејзиното семејство два месеца беше во неизвесност дали нивното девојче ќе добие соодветен медицински третман бидејќи лекарите во земјава не успеаја да го сопрат прогресот на сколиозата. За пет години, колку што е констатиран деформитетот на ’рбетниот столб, искривувањето е зголемено од 28 на 105 проценти.

Второто девојче е  Стефанија Петрова. Нејзината операција во Бугарија чини 14.000 евра и ќе биде на товар на државата.

Семејството денеска го добило позитивниот одговор.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...