fbpx

„Студентски пленум“ го зазеде и Машински факултет

-

Студентите од Техничките факултети во холот на Машински факултет прогласија автономна и ги повикаа сите студенти да ја бојкотираат формалната настава и да им се придружат.

– Денес се бориме за она што уставно му припаѓа на универзитетот, а тоа е неговата автономија. Тука сме да покажеме дека студентите не се само статистичка бројка на универзитетот и дека студентскиот активизам е жив и се шири како оган. Тука сме да покажеме дека не сме наивни и дека нема да потклекнеме додека не се исполнат нашите барања. Тука сме за да покажеме дека секогаш треба да бидеме вклучени ние како студенти и професори во креирањето на политиките поврзани со високото образование. Политичарите го негираа нашето постоење, но сепак успеавме да обединиме илјадници студенти кои маршираа на овие улици. Дозволете да бидеме скептични на нивните ветувања, дозволете да бараме гаранција за она што ни е ветено. Дозволете ни го ова и ќе ја видите важноста на автономијата на еден универзитет – велат од „Студентски пленум“.

Дел од студентите вечерва ќе спијат на факултетот и велат дека таму ќе останат се додека измените на Законот за високо образование целосно не се повлечат и не се формираат групи за изработка на нов Закон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...