fbpx

Повеќе од 15.000 пензионери досега се пријавиле за бесплатен викенд и за бања

-

Рокот за пријавување за бесплатен туристички викенд и за климатско-бањска рекреација истекува в понеделник.

Интересот за користењето на овие услоги е голем. Досега имаат аплицирано 15.260 пензионери, информира денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на аудиокниги за слепи лица.

Ова, рече Спасов, е навистина сериозна бројка и голем интерес за искористување на поволностите од овие два проекти, кои ќе почнат со реализација во март-април оваа година.

– Уште еднаш би сакал да ги повикам сите корисници на пензија да ја искористат оваа можност до 16 февруари да аплицираат во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, за да можеме да ги земеме предвид при правењето на ранг-листите и при изборот на оние пензионери што ќе имаат можност да ги користат овие бесплатни услуги – рече Спасов.

Услугите бањско-климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година и бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и на семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и според прописите на други држави со кои Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување. Лицата корисници на пензија кои користат и паричен надоместок за помош и за нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило, имаат право на придружник за време на бањско-климатската рекреација и при бесплатниот туристички викенд.

При рангирањето на поднесените барања, приоритет ќе биде даден на пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...