fbpx

Студентите заспаа со музика, се разбудија со професорите

-

Првата ноќ на студентите во прогласената автономна зона на Филозофски факултет помина мирно и во креативна атмосфера, исполнета со позитивна енергија. Кога ги посетивме утрово да видиме како им поминала ноќта, нè пречекаа со кафе и со сендвичи. Засега не им се потребни донации од храна бидејќи велат дека имаат доволно за три-четири дена. За дополителните донации што ќе им бидат потребни, студентите велат дека ќе известуваат на нивните страници на социјалните мрежи.

Изморени и со подочници, но видно расположени, велат дека во текот на ноќта цртале, читале книги, слушале музика и разговарале за следните чекори што ќе ги преземат. Спиеле кратко затоа што имало музика до доцна во ноќта, а утрово рано се разбудиле. На факултетот преспале околу 130 студенти, што, велат, за нив било неочекувано.

– Околу 130 студенти останаа да ја поминат ноќта на факултетот, што за нас беше неочекувано. Спиевме на душеци, на сунѓери, на земја, а имаше студентите кои спиеја и во шаторите. Кој како ќе се снајде. Синоќа се јавивме и во емисијата „Јади бурек“, што беше директен удар во корен на еден од главните центри од каде се шири владината пропаганда. Денеска ќе има окупација на техничките факултети, а тука во текот на денот ќе има креативна настава – вели Мариглен Демири од „Студентски пленум“.

Студентите велат дека остануваат на факултетите сè додека измените на Законот за високо образование не се укнат целосно, за да се подготви нов закон во кој рамноправно ќе учествуваат сите засегнати страни.

– Досега најава за средба со сите засегнати страни за подготовка на нов закон за високо образование нема. Политичката ситуација е таква што актуелната власт е притисната многу и тие сакаат да нè тргнат од врат. Меѓутоа, ние нема да го дозволиме тоа бидејќи јас сум сигурен дека откако ќе си ги решат другите нивни проблеми, ќе сакаат да се пресметаат со нас. Ние не ја прифаќаме таа игра затоа што волкот влакното го менува, но карактерот не – вели Демири.

Во автономната зона денеска ќе има „утринско будење“ со професорката од Факултетот за драмски уметности Кренаре Невзати, а потоа предавање со Артан Садику на тема „Заземање на животниот простор: политиката и битието во револт“. За попладне закажани се имитации и етиди, испитна вежба на студентите од ФДУ, потоа изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности и музички перформанс на студентите од Факултетот за музички уметности. За вечерта, од 20 часот закажана е „судентска кино-енергија“. Студентите и вечерва ќе спијат во автономната зона.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...