fbpx

Преку телефон досега собрани повеќе од 700.000 денари помош за поплавените

-

Хуманитарна помош во поплавените подрачја во Битола, Прилеп, Штип, Кочани, Струмица, а вчера попладне и во Кичевско и во Гостиварско, дистрибуираше Црвениот крст на Република Македонија.

Преку мобилните телефони од „Т-Мобиле“, „Оне“ и од „Вип“, 070/075/077 143 400, до денеска се собрани вкупно 4.683.500 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 741.987 денари.

Во битолскиот регион се дистрибуирани 300 пакети со прехранбени продукти, 300 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 800 ќебиња. Во Прилеп доставени се 50 пакети со прехранбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 40 ќебиња.

Во Штип се дистрибуирани 50 пакети со прехранбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 80 ќебиња.

Во Кочани се доставени 25 пакети со прехранбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 40 ќебиња, додека во Струмица – 25 пакети со прехранбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 40 ќебиња.

Излевањето на Зајашка Река во Кичево загрози околу 70 семејства кои беа евакуирани вчера доцна попладне. Црвениот крст на Република Македонија веднаш по направената процена за потребите на настраданото население, достави помош од 70 пакети со прехранбени продукти, 70 пакети со средства за хигиена, 150 ќебиња и вода за пиење.

Поплавеното подрачје во Кичево го посети генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити.

Поради излевање на каналите во населбата Бањешница, Гостивар, поплавени се 30 семејства на кои им е доставена хуманитарна помош во 30 пакети со прехранбени продукти, 30 пакети со средства за хигиена и 60 ќебиња.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...