fbpx

Црна се скротува, ситуацијата во Пелагонија се стабилизира

-

Реката Црна се скротува, а нивото на водата во речното корито денска е спуштено за повеќе од осумдесетина сантиметри и изнесува 3,98 метри, потврдуваат пелагониските власти. Но, во општина Могила, каде се поплавени дури четири села, ставуваат од наглото топење на снегот во Демир Хисар и од нови катастрофи.

– Промената на временската состојба, стравуваме дека ќе донесе нагло топење на снегот во Демирхисарско, а со тоа и нови поплави во Пелагониско. Затоа ова време ќе го искористиме за санирање на пресеците на Црна и тоа во селата Тополчани, Вашарејца, Ношоал, Лознани,Чарлија и Радобор – вели Стево Пивковски, градоначланик на Општина Могила.

И од Општина Новаци потврдуваат дека ситуација и кај нив се стабилизира. А веќе се прават подготовки до понеделник да се стави во функција патот Битола – Новаци на местото каде беше откорнат. Од Општината велат дека на координативниот состанок било договорено да се направат цевкасти пропусти со пречник 1.800 сантиметри, кои ќе бидат поставени на пресечениот регионален пат Новаци – РЕК за да се овозможи нормален сообраќај, но и пропуст на надојдената вода.

– Заради нормално функционирање на РЕК Битола, Општина Новаци и месното население се договорија најбрзо што може да се изработат цевкасти пропусти кои ќе бидат поставени на патот. ФОД ќе ги изработи овие профили, РЕК ќе обезбеди потребна механизација за транспорт и за монтирање на профилите, Општина Новаци треба да обезбеди бетон за бетонирање и за зацврстување на цевките. Доколку водата е на ова ниво, се очекува наскоро регионалниот пат да биде оспособен за сообраќај – вели Лазар Котевски, градоначалник на Општина Новаци.

Денеска во општината Новаци се очекува да дојде премиерот Никола Груевски и лично да се увери во состојбите со поплавената Пелагонија, но според прес-службата на Општината, не се знае дали посетата на Греувски ќе биде отворена за медиумите.

Инаку семејството на Станко Мицевски од Новаци, чија куќа е целосно поплавена, веќе е сместено во студентскиот дом во Битола.

– Немаме куќа, покуќнина, ни остана само душата – вели Мицевски.

Селото Новаци сè уште нема технички исправна вода за пиење. Веќе два дена во Општината пристигнуваат донации од сите страни на Македонија и од соседните држави.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...